Виталиа споделува радост со здрави новогодишни подароци

Како и претходните години, така и оваа, ВИТАЛИА традиционално им подготви пакетчиња исполнети со здрави производи на ранливата категорија граѓани, на дечињата со посебни потреби и со дијабетес тип 1.

Во соработка со Баланс Мк – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија, дечињата добија специјално формулирани новогодишни пакетчиња, соодветни за нивната исхрана, со ниско количество на шеќери и јаглехидрати.

Виталиа ја поддржа и промоцијата на инклузивната сликовница „Другарите од Зоолошката градина“, проект реализиран од здружението „Различни, а Еднакви“ за децата со оштетен вид.

И оваа година, новогодишни пакетчиња за своите најмили доби и медицинскиот персонал на Клиниката за Инфективни Болести – Скопје, кои директно се изложуваат на опасностите од пандемијата и предизвиците што ги носи.

Компанијата се вклучи и во хуманитарните иницијативи на Општина Гази Баба и Општина Ѓорче Петров, како и на проектот од Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација на Кисела Вода под мотото „Подари Пакетче, Подари Радост“ за децата од СОС Детско Село, Здружението за децата со интелектуална попреченост, и Здружението на деца со Мускулна Атрофија.

Составот на новогодишните пакетчиња е персонализиран, формулиран со висококвалитетни производи богати со протеини, витамини и минерали кои ја поддржуваат функцијата на имунолошкиот систем и помагаат во одржување на здравјето.

Овие активности се дел од стратегијата за општествена одговорност на Виталиа и имаат за цел да се зголеми свесноста за децата со здравствени проблеми и со инвалидитет, овозможувајќи пристап до здрава и функционална храна, можност за полесно и активно функционирање во заедницата, отворајќи ги портите за нивно креативно изразување и унапредување на квалитетот на животот.

„Секоја година успешно го зголемуваме опсегот на општествено-одговорните активности насочени кон оние на кои им е потребна најголема поддршка. Со овие донации ја завршуваме годината хумано и со топли желби за добро здравје, незаборавни спомени и многу насмевки во наредната година“, велат од компанијата.

реклама

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе