Виталната 106-годишна Вирџинија МекЛорен ги импресионираше американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел при посетата на Белата куќа.
Видеото на Guardian го покажува моментот кога таа се запознава со претседателот и со неговата сопруга, и е едноставно пресреќна од приликата да ја посети Белата куќа и да го запознае првиот црн американски претседател.
Старата американка дури и заигра со нив, а Мишел Обама во разговорот кажа дека посакува да биде како неа кога ќе остари.