Меѓу нив е витаминот Д, кој е нешто потешко да се добие природно во есенските и зимските месеци.
Витамините и додатоците во исхраната, во договор со вашиот лекар, би било добро да се земаат преку целата година, но на некои треба да им се обрати повеќе внимание во есен и зима. Тие исто така ќе помогнат да се зајакне имунитетот.
Добиваме витамин Д преку сончева светлина и би требало да ја добиеме потребната количина од крајот на март до септември, според здравствените експерти. Меѓутоа, од октомври натаму на нашето тело му е потребна мала помош за да ја надополни потребната количина, што е околу 10 микрограми дневно.
Витаминот Д е потребен за регулирање на калциумот и фосфатот за да се обезбедат здрави коски, мускули и заби.
„Освен намалениот број часови на сонце, есенските и зимските месеци се постудени, што значи дека поминуваме помалку време надвор и телото ја намалува способноста за производство на витамин Д“, вели д-р Дон Грант, додавајќи дека несаканите ефекти од недостатокот на витамин Д може да доведе до депресија, болки во мускулите и слабост.
Иако за недостатокот на железо треба да се води сметка во текот на целата година, тоа е особено важно во постудените денови. Ако забележите симптоми на анемија, консултирајте се со вашиот лекар. Ако мислите дека не внесувате доволно железо преку секојдневната исхрана, започнете да земате додатоци или апчиња за железо.
Витаминот Ц ги одржува клетките здрави, заедно со кожата, крвните садови, коските и 'рскавицата. Исто така, помага при заздравување на раните.
„Витаминот Ц може да ја намали сериозноста на настинките бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем на телото“, додава Грант.
Прекумерното внесување може да биде штетно, а возрасните на возраст од 19 до 64 години имаат потреба од 40 мг витамин Ц дневно.
Магнезиумот е минерал кој му помага на имунолошкиот систем и ја претвора храната во енергија. Препорачливо е да земате магнезиум во текот на целата година, а не само во зимските месеци.
„Недостатокот на магнезиум е доста чест и имајќи предвид дека е втор најчест електролит во човечкото тело, треба да се погрижиме секогаш да го надополнуваме. Ниското ниво на магнезиум може да предизвика висок крвен притисок, ниска толеранција на гликоза и нервна возбуда, што може да предизвика или придонесе за проблеми со менталното здравје, како што е депресијата“, вели фармацевтот Џулија Герини.