„Витаминка“ го купи имотот на штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра

„Витаминка“ денеска потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална банка АД Скопје.

Во сопственост на „Витаминка“ АД Прилеп преминува недвижен имот, објекти од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метра, подвижни ствари, како и пренос на права од индустриска сопственост (трговски марки и индустриски дизајн), сè во вкупна проценета вредност од 7.300.000 евра.

Целта на инвестицијата е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија.

„Со денешниот потпишан договор започнуваме и конкретни чекори за реализирање на нашата деловна стратегија што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој. Инвестицијата е во насока на модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството, како и развој на нова група производи. Правиме еден голем чекор напред, што ќе значи поголема и подобрена деловност на компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот“, велат од „Витаминка“.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе