Витаминска бомба со кнедли од хелда

Кнедлите од хелда навистина ѝ даваат специфичен вкус на оваа чорба.

Иако не е житарка, хелдата во исхраната се користи на сличен начин како и житарките, но со своите нутритивни вредности ги надминува оризот, пченицата, пченката и просото. Таа има повеќе висококвалитетни протеини од сите нив, бидејќи содржи 8 есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин, кои се дефицитарни кај главните житни култури.

Хелдата претставува природен извор на минерали и витамини од кои: железо (помага во формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин во крвта, и овозможува нормално снабдување на метаболизмот со енергија), цинк (помага во одржување на нормален метаболизам на јаглехидратите и репродуктивниот систем), калциум, јод, фосфор, бор, цинк, магнезиум, органски киселини и пектин, а од витамини содржи витамини од Б групата и витамин А.

Од хелдата се прави брашно од кое може да се прави се прави каша, палачинки и други видови храна како со кое било друго брашно, само што брашното од хељда има: 4 пати повеќе железо, 3 пати повеќе калциум, 9 пати повеќе магнезиум, 6 пати повеќе калиум и 2 пати повеќе цинк, бакар и манган.

Потребни состојки:

1 снопче млад кромид

2 моркова

1 корен од целер

1 зелена пиперка

1 црвена пиперка

неколку цветови карфиол и брокула

3 компира

Свеж магдонос

Бибер, сол

Кнедли од брашно од хелда

Подготовка:

Ситно исечканиот кромид пропржете го на масло и додадете ги морковите и пиперките исечени на кругови, па потоа и целерот исечен на коцки. Оставете го да се крчка на многу тивок оган.

По 5-6 минути додадете ги компирите исечени на коцки и малку вода. При крајот ставете ги цветовите карфиол и брокула. Гответе уште дваесет минути.

За кнедлите од хелда:

Ставете 2 лажици брашно од хелда и половина лажичка масло во сад со многу малку вода и замесете потврдо тесто, па формирајте многу ситни кнедлички и додадете ги во чорбата. Варете уште неколку минути додека не да омекнат кнедлите.

Додадете сол и бибер и магдонос и вашата витаминска бомба е подготвена.

Тагови
реклама

Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

Read more

Текстилниот сектор пред колапс

Read more

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Read more

Кои се голите девојки уапсени во Дубаи и кој стои зад сето тоа?

Read more

Рецепти

Идеја за ручек: Печени пилешки прсти

Read more

Рецепт на денот: Запечени енчилади со пилешко и кашкавал

Read more

Осум брзи и здрави идеи за појадок

Read more

Чоколадни палачинки со овошен фил

Read more
 

Магазин

Смути од само неколку состојки за чистење на црниот дроб и цревата

Читај повеќе

Идеја за ручек: Печени пилешки прсти

Читај повеќе

Родени под среќна ѕвезда: Најталентирани хороскопски знаци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Запечени енчилади со пилешко и кашкавал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова е чипираниот мајмун на Илон Маск кој игра видеоигра со помош на неговите мисли

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Осум брзи и здрави идеи за појадок

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се држите до планот за здрава исхрана?

Читај повеќе

Седум прашања за сексот што ги мачат луѓето во долги врски

Читај повеќе