Компанијата Vivo официјално ги најави своите први флегшип мобилни телефони за 2020 година, а тоа е серијата X50.
Како што беше најавено, клучната карактеристика на мобилните е камерата која се споредува со очи на камелеон.
Најдобриот моделот од серијата е xX50 Pro+ кој го користи сензорот на Samsung – ISOCELL GN1 од 50 MP.
X50 Pro+ и X50 Pro имаат перископска телефото камера, додека моделот X50 нема.
Деталните спецификации за новите уреди засега не се објавени, но се знае дека X50 Pro+ има Snapdragon 865 процесор со X55 5G модем. Фреквенцијата на освежување на екранот изнесува 120 Hz.
Стандардниот X50 е најтенкиот 5G мобилен на пазарот со само 7,49 mm, а би можел да има Snapdragon 765 процесор.