Визијата на Јордан и Искра Грабул за „Македониумот“ била пред нивното време

Денеска се одбележуваат 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.

Во чест на востанието, на денешен ден пред 49 години беше подигнат Македониумот, споменик што претставува ремек дело на современата архитектура и уметност.

Автори на ова монументално обележје се македонските уметници Јордан и Искра Грабул.

Познат и како „Илинден“, Македониумот е споменички комплекс што бил откриен на 2 август 1974 година, на денот на 30-годишнината на заседанието на АСНОМ и 71-годишнина од Илинденското Востание.

Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Комплексот се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцена, па завршува со купола извишена 1.320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево.

Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев.

Денес во самата купола се наоѓа гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев и споменица и биста на музичарот Тоше Проески.

Конструкцијата на споменикот

Иницијатива за меморијален споменик посветен на Илинден постоела уште од 1950 година, но дури во 1968 година владините тела составиле комисија да ја организира изградбата на големиот меморијален комплекс. Иницијацијата за формирање на комисијата веројатно била поттикната и од најавената посета на југословенскиот претседател Јосип Броз - Тито на Крушево во 1969 година по повод 25 години од АСНОМ. Првата дилема била дали комплексот да се гради во Крушево или во Битола. На крај победило Крушево - поради високата делегација и поради страдањата и тешките времиња низ кои поминал градот, пишува fakulteti.mk.

На отворениот конкурс за избор на најдобро архитектонско решение биле пријавени осум проекти на архитекти од цела Југославија. Во финалето влегле три, за на крај Собранието на Социјалистичка Република Македонија на 6 мај 1970 година да го изгласа проектот на брачниот пар Јордан и Искра Грабул од Прилеп. Веројатно македонското потекло не бил единствениот фактор за изборот, туку и активното учество на Јордан Грабул како партизан во НОБ.

Уште на почетокот почнале кавги и несогласувања меѓу авторите и споменичката комисија околу конструкцијата и изгледот на монументот. Комисијата која имала задача да ја заштитува уметничката вредност на споменикот и неговото социолошко значење повеќе туркала тој да изгледа традиционално и да има фигуративни компоненти. Јордан и Искра Грабул, пак, биле решени споменикот да има целосно апстрактна и императивна форма, стои во објавата на fakulteti.mk.

Уметниците против комисијата

Ова детално го опишува Кит Браун во книгата „Минатото низ прашања: Модерна Македонија и неизвесностите на една нација“. Јордан Грабул бил многу таинствен околу неговите цртежи и шематски прикази, дури се обидел да удри камен темелник пред комисијата да ги види конечниот изглед на објектот. Грабул тврдел дека комисијата е неупатена и неедуцирана за основите на уметноста. Ова особено се однесувало на серијата од осум релјефни скулптури во споменикот кои требало да ја раскажат историјата на Македонија. Кога Грабул го открил својот концепт пред комисијата (8 март 1973 година), членовите биле разочарани што не се фигуративни и јасни. Било очигледно дека ќе биде пробиен крајниот рок за завршување на споменикот – 2 Август 1973 година со што требало да бидат одбележани 70 години од Илинденското востание. На крај биле направени компромиси, на Грабулоски им било дозволено да го создадат нивниот модернистички споменик, чија промоција била на Илинден 1974 година.

Поопширно читајте на fakulteti.mk.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе