Вкупно 11.904 лица од март до мај останале без работа

Во периодот од 11 март до 31 мај годинава 11.904 лица се стекнале со статус на невработени лица, за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжителното социјално осигурување, информираат од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

– Од 11.904 лица кои се стекнале со статус на невработени поради престанок на работниот однос, 5.703 лица (47,9%) се поради истек на договор за вработување на определено време, 3.082 лица (25,9%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1.169 лица (9,8%) се поради отказ од работодавачот, 1.112 лица (9,3%) се поради отказ од страна на работникот, 380 лица (3,2%) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациски и слични промени), 104 лица (0,9%) се поради стечај (ликвидација), 76 лица (0,6%) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 278 лица (2,3%) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.), соопшти Агенцијата за вработување.

Најголем дел од работниците на кои им е прекинат работен однос 4.230 лица или 35,5% се од преработувачката индустрија, потоа од дејноста трговија на големо и трговија на мало 2.324 лица или 19,5%, како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна 1.432 лица или 12,0%.

Од лицата кои останале без работа 6.961 (58,5%) се со непотполно средно и завршено средно образование, 3.128 лица (26,3%) се без образование и со основно образование, а 1.815 (15,2%) лица се со вишо и високо образование.

Најголем дел од новоневработените се на возраст од 30-49 години (5.729 лица или 48,1%), на возраст до 29 години се 3.276 лица (27,5%), а на возраст над 50 години се 2.899 лица (24,4%).

Вкупниот број на невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување во периодот март-мај 2020 година бележи зголемување за 12.297 лица.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе