Вкупно 12 прекршители на полицискиот час во Битола, Велес и Кавадарци

Дванасет граѓани биле санкционирани од полицијата во градовите Битола, Велес и Кавадарци.

Вкупно осум прекршувања се регистрирани синоќа за време на полицискиот час на територијата на СВР Велес, од нив во Кавадарци 5, а во Велес 3. Во Неготино не бил регистриран ниту еден прекршок. Од СВР Велес информираат дека против прекршителите ќе бидат превземени санкции.

Инаку, на територијта на СВР Велес 353 граѓани се во самоизолација кои се под контрола на полицијата. Од нив 122 се во Велес, во Кавадарци 127 и во Неготино 104 граѓани.

Основното јавно обвинителство Битола во текот на денешниот ден до Основниот суд Битола достави предлози за издавање казнени налози против четири лица кои биле затекнати при непочитување на забраната за движење во текот на полицискиот час, информираат од Јавното обвинителство.

– Лицата се обвинети за кривично дело - Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, тие не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителството на Судот му предложи да определи парична казна за секој од обвинетите во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе