Вкупно 31 заболен од коронавирус, политичарите согласни дека изборите треба да се одложат

Вкупната бројка на заболени од коронавирус во нашата држава изнесува 31, од кои четворица здравствени работници. Лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски се согласија дека треба да бидат одложени парламентраните избори на 12 април, приоритет во актуелната ситуација треба да бидат животите и здравјето на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче, вчера соопшти дека се дијагностирицирани пет нови случаи со коронавирус, од кои четворица се здравствени работници од приватна здравствена установа од Дебар.

–   Од петте новозаболени освен четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митрев“ и таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.

Уште еднаш тој упати апел порака до здравствени работници дека трудот и напорот и улогата која што се дава во овој момент е непроценлива, а до граѓаните да се придржуваат до мерките.

– Затоа мора да водиме грижа за сите нас, а за граѓаните уште еднаш ја повторувам пораката – останете дома и најстрого придржувајте се до мерките за заштита и превенција, истакна Филипче.

Првите од групата македонски државјани кои беа заглавени на границите и се чекаат да се вратат во државата преку граничниот премин Деве Баир веќе се пристигнати и упатени на место за изолација – касарната Пепелиште на Криволак каде е првиот прифатен пункт за изолација на граѓаните кои се враќаат од држави со висок ризик.

Истовремено се прави скрининг на сите патници кои со авион од Брисел вчера слетале на аеродромот во Скопје, откако според информациите имало македонски државјани со симптоми.

Претседателот Стево Пендаровски, вчера образложувајќи зошто се уште не е воведена кризна состојба на цела територија поради пандемијата од корона вирусот, наведе дека раелно немаме ресурси за да се воведе кризна состојба на цела територија.

– Една работа е да имате на територија на две општини кризна состојба, друго е да имате на три или на четири. Вчерашната проценка беше дека добро е да воведуваме кризна состојба како што одредени општини ќе доаѓаат на дневен ред со вирусот, изјави Пендаровски.

Посочи дека вонредната состојба може да дојде на маса, не за носење мерки кои ќе го спречат ширењето на вирусот, туку за справување со економската ситуација, бидејќи во тој случај Владата може да владее преку уредби со законска сила.

Нагласи дека полека влегуваме во сериозна економска криза и дека според првичните проценки ако продолжи ова темпо, државата ќе треба да позајми од 500 до 700 милиони евра.

Првиот случај со коронавирус во државава беше регистриран на 26 февруари во Скопје.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе