Вкупно 55 години затвор за масовното нелегално прислушување

Казна затвор од 55 години и десет години условни казни, односно вкупно 65 години, им изрече на 11 лица вчера Основниот кривичен суд Скопје за случајот за масовното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година и уништување на опремата од УБК „Таргет-Тврдина“.

Судот, при изрекување на пресудата, потенцира дека со неа упатува порака дека во иднина никогаш повеќе било кој висок функционер на власта, особено во безбедносните структури, да не се осмели да стори вакво кривично дело – масовно незаконито прислушување преку системите и опрема за следење на комуникациите на УБК со единствен движечки мотив и цел да се воспостави целосна контрола врз општествениот, политичкиот и економскиот живот во државата.

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека во целина Обвинителството е задоволно од изречените осудителни пресуди во случајот „Таргет Тврдина“, пред сè поради тоа што со тоа се потврдиле сите наводи на Обвинителството, но, оти од висината на казните за дел се, а за дел не се задоволни.

Од друга страна, адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски смета дека казната за неговиот клинетот е драконска и најави дека ќе се жалат кога ќе ја добијат пресудата, како и на решението за затворски притвор.

-Сметам дека казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде што е поднесен обвинителен предлог навистина е правен преседан. Нема да најдете во аналите на правосудството ниедна пресуда каде што за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор, изјави Шврговски денеска пред Кривичниот суд по објавата на пресудата за „Таргет-Тврдина“.

Пресудата ја донесе судечки совет составен од судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ, како и тројца поротници, а на изрекувањето на пресудата присуствуваа сите обвинети, освен Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се пребегани во Грција.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече единствена казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. На поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, во отсуство судот им изрече казна затвор од по 15 години.

Поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски е осуден на шест години затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, а началничката Надица Николиќ доби казна во траење од три години затвор за кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судот им изрече условни затворска казна од две години на обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”.

За обвинетата Валентина Симоновска Судот изрече условна казна затвор од две години за кривичнoто делo „фалсификување службена исправа“.

Судскиот процес започна на 22.12.2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани се и голем дел од над 200 оштетени лица.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор и му одреди ефективен притвор во траење од најмногу 60 дена, до правосилност на пресудата на Сашо Мијалков. Тој е спроведен во КПУ Затвор Скопје.

Пред изрекување на пресудата Сашо Мијалков исчезна во неделата попладне на 21 февруари. Полицијата три дена трагаше по него, беше распишана национална, потоа и меѓународна потерница. Тој во вторникот попладне на 23 февруари се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде тврдеше дека не избегал, туку се повлекол во изолација поради здравствени причини, имал висока температура и симптоми на корона.

Сашо Мијалков е обвинет во уште неколку предмети отворени од поранешното СЈО – „Трезор“, „Титаник 2“ и „Тортура“.

Судењето за „Таргет-Тврдина“ започна на 22 декември 2017 година, а застапник на обвинението беше поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Од предметите кои ги отвори поранешното СЈО досега правосилни пресуди има за случаите „Тенк“, „Тифани“, „Труст“ и „Триста“, додека неправосилни пресуди има за „Тарифа“, „Титаник 3“, „Транспортер“ и „Насилства пред Општина Центар“. Неправосилни пресуди има и за предметите „Тревник“ – ослободителна и „Титаник 2“ – осудителна, но тие се вратени на повторно судење. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе