Вкупно 6.787 заразени во земјава, почитувајте ги мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок.

Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со COVID-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. Вкупниот број дијагностицирани од почетокот на емидемијата, досега, изнесува 6.787, починати се 328 пациенти, а излекувани се 2.876.

Надлежните и здравствените работници постојано апелираат граѓаните да не се групираат, да држат дистанца од два метра, да носат заштитна маска или покривка на устата и носот, често да ги мијат или дезинфицираат рацете, бидејќи, како што посочуваат, тоа е основна заштита од зголемено ширење на вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека пандемијата никаде во светот не спласнува, има се повеќе новозаразени, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки.

Бројот на активни случаи во државава изнесува 3.583. Најголем број од активните случаи се во Скопје – 1.983, следат Тетово – 406, Куманово – 232, Охрид – 161, Штип – 160, Струга – 147 активни случаи… Од скопските општини најголем број активни случаи има во Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.

На Универзитетската клиника за инфективни болести вкупно се хоспитализирани 89 пациенти од кои на кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 130 пациенти од кои на респираторна машина се девет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Од Министерството за здравство информираа дека тестови за брза дијагностика веќе се распределени и тие почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција. Овие тестови овозможуваат за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе