Рецепти

Вкусен колач од густин

10. февруари 2018 - 12:26 | М.Д.

Подогoтвете домашен вкусен десерт, колач од густин.

Потребни состојки:

За пандишпан:

5 јајца

8 лажици шеќер

8 лажици масло за јадење

8 лажици брашно

3 лажици какао

1 пакетче прашок за печење

1 шолја вода и 1 шолја шеќер за поливање на пандишпанот

За пвиот фил:

800 мл млеко

15 лажици шеќер

8 лажици густин

250 грама маргарин

За вториот фил:

500 мл слатка павлака

100 грама млечна чоколада

150  грама чоколада за готвење

Подготовка:

Сите состојки потребни за пандишпанот изматете ги со миксер и префлете ги во тепсија за печење, печете 30 минути на 200 степени. Во меѓувреме растопете го шеќерот во водата, па оставете да се олади и потоа прелијте го изладениот пандишпан.

Сварете го млекото и шеќерот, па додадете го густинот и непрекинато мешајте се додека филот не ја добие потребната густина. Во оладениот фил додадете го маргаринот, кој претходно добро ќе го изматите, а потоа премачкајте го колачот.

Чоколадите искршете ги и ставете ги со слатката павлака да се варат на умерена температура, се додека чоколадата потполно не се растопи. Оставете го филот малку да се олади, потоа прелијте го врз колачот, внимавајте филот да не биде премногу топол .

Оставете го колачот во ладилник добро да се излади, па потоа исечете го на парчиња.

Коментирај