Рецепти

Вкусен колач со ореви и џем од кајсии

3. февруари 2019 - 12:00 | МИА

Многу лесно и брзо ќе го подготвите овој вкусен домашен колач.

Потребно е:
2 јајца
200 г шеќер
200 мл млеко
200 мл масло
200 г мелени ореви
200 г гриз
200 г брашно
2 изрендани јаболка
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
малку рум
50 г џем од кајсии
50 г сецкани ореви

Подготовка:

– Во еден сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.

– Додадете ги маслото, млекото, оревите, гризот и брашното што претходно сте го помешале со  прашокот за пециво. Изматете убаво.

– На крај додадете ги изренданите јаболка и измешајте.

– Горната смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени 30-35 минути.

– Печениот колач премачкајте го со џемот од кајсии и посипете го со сецканите ореви.

Коментирај