Кремаст десерт за сите љубители на ванила.
Потребни состојки:
4 жолчки
250 мл млеко
80 г шеќер
Малку коњак
1 ванила
1 ќесичка желатин
200 мл слатка павлака
Печени бадеми за декорација
Начин на подготовка:
Рачно изматете ги жолчките, шеќерот и коњакот за да добиете густ крем. Сварете го млекото со ванила, па додека уште е топло додајте ги жолчките со шеќер и постојано мешајте.
Добиениот крем сипете го во сад во кој се вари млекото и продолжете да го варите со постојано мешање.
Топлиот крем тргнете го од оган и додајте го растопениот желатин. Оставете го кремот да се излади. Додека да се излади, изматете слатка павлака и додајте го во неа. Сипете го кремот во чаши и оставете го во фрижидер барем 2 часа. Пред да послужите декорирајте со печени бадеми.