Влада: Помош за компаниите и невработените преку еднаков пристап кон сите

Владата ги помага и ќе им помага на компаниите за вработување на сите невработени лица, преку еднаков пристап кон сите граѓани и компании, кои имаат потреба од таква поддршка.

Ова го потенцираат од Владата за МИА, која побара појаснување за тоа дали принципот за правична застапеност влегува и во приватниот сектор, нешто што претходно денеска го најави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– По однос на економските политики, Владата ги помага и ќе ги помага компаниите за вработување на сите невработени граѓани, преку еднаков пристап кон сите граѓани и компании кои имаат потреба од таква поддршка. Општествата во услови на криза треба да се засноваат на компетитивност на квалитети од различна припадност, како и на поддршка на најранливите заедници, нагласуваат од Владата за МИА.

Појаснуваат дека согласно програмата за работа на Владата во делот за еднакво општество е наведено дека: „Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеноста и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“.

Претходно денеска Груби најави субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на другите етнички заедници во земјава, но рече дека не е познато како тоа ќе се реализира.

– Сѐ уште не сме размислувале за мерките, вчера за време на дебатата беа разгледувани различни идеи на кој начин би можело да се помогне правичната застапеност на сите заедници и во приватните компании, посебно во тие каде и државата има удел, дали по критериумите на распределба на работата, дали преку субвенционирање, сепак останува да се види која е најдобра можна опција за да имаме и правично и адекватно застапување на сите заедници и во приватниот сектор, рече Груби, кој смета дека бројот на претставеноста на заедниците во приватните компании е многу мал.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе