Влада: Пописот на дијаспората ќе помогне да се преземат политики и мерки кои ќе ја намалат и спречат миграцијата

Попишувањето на лицата државјани на Република Северна Македонија кои во периодот на спроведување на Пописот 2021 живеат или престојуваат во странство ќе се врши по пат на самопопишување, односно саморегистрација преку онлајн-апликација достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот од 1 март до 21 април 2021 година, соопшти Владата.

– Овие граѓани влегуваат во категоријата на население за кои ќе се обезбедат податоци со пописот под името „вкупно нерезидентно население“ и тоа се лицата, државјани на Република Северна Македонија, кои во времето на Пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив, информира владината Прес-служба.

Услов за да се самопопишат е точниот единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). Начинот на попишувањето на овие лица е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на ДЗС.

За лицата со место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, кои за време на Пописот се отсутни во странство, а не се самопопишале преку веб-апликацијата, попишувањето се врши во нивното последно вообичаено место на живеење во Република Северна Македонија, ако на таа адреса има полнолетен член на домаќинството или друго лице што може да ги даде сите потребни податоци за овие лица.

Како што посочува владината прес-служба, за овие лица податоци дава исклучиво полнолетен член на домаќинството или друго полнолетно лице кое најдобро ги познава податоците за тие лица. Давателот на податоците е должен да приложи соодветен документ од кој ќе може да се преземе ЕМБГ на лицето кое се попишува, како и соодветен документ од кој ќе може да се преземе неговиот ЕМБГ (со што ќе ја гарантира точноста на дадените податоци). Некомплетните податоци при попишувањето на овие лица нема да ги прифати апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци.

– Пописот на оваа група граѓани ќе даде информации за човечкиот капитал, бројот и структурата на луѓето кои заминале, нивното образование, возраст, со цел преземање политики и социоекономски мерки кои ќе ја намалат и спречат миграцијата. Овие информации ќе помогнат во планирањето на нови работни места во однос на побарувачката на пазарот на трудот, креирање напредни младински политики и спречување на т.н „одлив на мозоци“, односно заминување на високообучени и квалификувани луѓе, наведува владината служба за информирање.

Во соопштението се додава дека Пописот, како најзначајна статистичка операција, е дефиниран според правната рамка и согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат, како и друга меѓународна и домашна регулатива.

– Попишувањето на населението, домаќинствата и становите како сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, кои се од интерес за сите граѓани и затоа е потребно сите да се вклучат во Пописот 2021 година, пишува во соопштението на владината прес-служба.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе