Владата демантира: Постапивме законски и ги поништивме незаконските решенија на министерот Чулев

Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на министерот се незаконски.

– Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на преодната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР и тоа само по хоризонтална линија, соопшти владината прес-служба.

До моментот на одржувањето на 9-та седница, техничкиот министер, како што посочуваат од Владата, имаше направено промени на 14 раководни места по хоризонтална линија и дури 131 распоредување по вертикална линија што е спротивно на Законот за влада и договорите од Пржино.

– На 9-та седница, на која Владата донесе одлука да бидат поништени решенијата и наредбите со кои се налагаат кадровски промени по вертикална линија во структурата на МВР, на техничкиот министер за внатрешни работи Чулев детално му беа објаснети и протолкувани одредбите според кои тој не смеел да ги издаде тие решенија и наредби и внимателно му се објаснети одредбите според кои Владата е овластена да ги поништи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

За ова на увид на јавноста може да послужи стенограмот од 9-та седница на Владата.

– Владата на Република Северна Македонија никогаш нема да си дозволи да „уништи“ или да „прикрие“ докази како што порачува Чулев и ги повикува сите надлежни институции и јавноста да извршат увид во стенограмите и одлуките од 9-та седница на Владата, се истакнува во соопштението.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе