Владата донесе протоколи за градинките, факултетите, основните и средните училишта

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на COVID-19, како и протокол за активности во установите за згрижување и воспитување деца по престанување на траењето на вонредната состојба, протокол за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение, за запишувањето ученици во средните училишта во учебната 2020/2021 година, протокол за Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во нивниот состав, при изведување на испитите и полагањето во просториите на високообразовните установи (јавни и приватни).

– Активностите, начинот на работа и условите поврзани со воспитно-образовниот процес во сите установи за згрижување и воспитување деца (градинки и центри за ран детски развој) се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за труд и социјална политика, кој е даден во Прилог број 9 и е составен дел на оваа одлука, наведуваат од Владата.

Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапката за запишување ученици во прво одделение во основните училишта и во прва година во средните школи за учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 10 и Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година кој е даден во Прилог број 11 и се составен дел на оваа одлука.

Според Владата, активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапувањето на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат с о задолжително почитување на Протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година од Комисијата за заразни болести ПР и Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 12 и е составен дел на оваа одлука.

– Активностите, начинот на работа и условите поврзани со изведувањето на испитите во просториите на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија, односно единиците во состав на истите се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав на истите при изведување на испитите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 13 и е составен дел на оваа одлука, информира владината прес-служба.

Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 вклучително со протоколите донесени на 58-мата седница

Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија” бр.66/О4, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19

Член 1
Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20 и 136/20), во член 1, став 1, во точката 1 по ставот 1 се додаваат три нови става кои гласат:

„Активностите, начинот на работа и условите поврзани со воспитно  образовниот процес во сите установи за згрижување и воспитание на деца – детски градинки и центри за ран детски развој во Република Северна Македонија се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на ПРОТОКОЛОТ за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за труд и социјална политика, кој е даден во Прилог број 9 и е составен дел на оваа одлука.

Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапката за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта и во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 10 и Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година кој е даден во Прилог број 11 и се составен дел на оваа одлука.

Активностите, начинот на работа и условите поврзани со постапувањето на Математичко – информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година се утврдуваат во и одвиваат с о задолжително почитување на Протоколот за постапување на Математичко  информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на ученици во учебната 2020/2021 година од Комисијата за заразни болести ПР И Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, ко) е даден во Прилог број 12 и е составен дел на оваа одлука.”

Во точката 2 по ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:

„Активностите, начинот на работа и условите поврзани со изведувањето на испитите во просториите на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија, односно единиците во состав на истите се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав на истите при изведување на испитите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Министерството за образование и наука, кој е даден во Прилог број 13 и е составен дел на оваа одлука.”

Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”

ПРОТОКОЛ за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба

Пред да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот (во занималните, кујната, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите) (од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките).
После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите.
Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици ) за вработените.
Установата да има безконтактен термометар за секој влез на установата.
Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.
На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција.
Хронично болните да бидат ослободени од работа согласно Уредба на Владата која е моментално на сила.
Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да придржуваат кон општите препораки за превенцијата на COVID-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема) на работното место и вон.
Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни мести доколку имаат било какви симптоми на болест.
Да се дезинфицираат прекидачите, кваки на вратите, мијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот.
Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат.
Активностите во дворот да се реализираат така што «е се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време.
Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез.
Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска).
Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција.
Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете.
Да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри меѓу масите за седење на децата.
Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.
Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места.
Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места.
Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти.
Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.
Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.
Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.
Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи.
Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории.
Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите.
Установата да обезбеди потврда од родителот/е дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома.
ВОСПИТНО /ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР

Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место.
Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата.
При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други.
Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните.
Да се разделуваат играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Да се воспостави јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана” користена играчка за да се спречи вкрстувањето.
Да се воведе задолжително миење на рацете на деца при прием и почести миења во текот на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет.
Да се воведе задолжителен надзор на децата при миење на рацете.
Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, да се направи миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката.
Кога се користат средства за дезинфекција, да се земе во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт.
Средствата за дезинфекција да се чуваат надвор од дофат на децата.
Редовно, во согласност со временските услови да се отворат прозорците, особено во просториите за деца. Да не се користи вештачка вентилација.
Пасивен одмор да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2м. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете и истите да бидат обележени со име на детето и строго да се води грижа да не се мешаат.
Да се спроведат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и да се создаваат навики кај децата за лична хигиена, за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди – на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за која треба да се размислува преку игра на деца – да се стават да седат на растојание едни од други – на пример да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не се допираат, да избегнуваат да го допираат Лицето и др.
Да се контролираат причините за отсуство на деца, да се контактираат родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје.
Да не се спроведуваат организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично)
Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, треба да се преземе следново:
– во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) да се изолира детето во просторијата за изолација, веднаш да се извести родителот/старателот, доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометар како и миење или дезинфекција на рацете.
Да се провери здравјето на другите деца во групата и да се изолираат сите сомнителни случаи.
Во случај на потврда на инфекција COVID-19, не користете го местото каде што престојувало лицето и да се извести надлежната епидемиолошка служба во Центарот за јавно здравје која «е даде понатамошни насоки за функционирање на установата.
Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена лични предмети, играчки и слично.
Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална.
Се забранува влегување на други возрасни лица, освен одговорните лица на групата.
РОДИТЕЛИ
Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска.
Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.
Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.
Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.
Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место.
Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.

ПРОТОКОЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

1. Запишувањето на ученици во прво одделение во основните училишта се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основното образование.
2. Помеѓу секој термин за разговор со секое дете потребно е да има пауза во траење од најмалку 20 минути.
З. Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од училиштето.
4. Училиштето на влезот на училиштето поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
5. Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата.
6. Во просторијата може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите/старателите на детето.
7. Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот на детето задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици.
8. Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето задолжително д а се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
9. Просторијата во која се спроведува разговорот со детето е потребно почесто да се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите.
10. За време на паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.
11. По завршување на разговорот, потребно е просторијата да се исчисти (особено работната површина на која се работело со детето) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција за горни површини.
12. Во просторијата за разговор и на излезот на училиштето потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.
13. Во училиштето е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

ПРОТОКОЛ за на средните училишта во Република Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година

1. Запишувањето на ученици во средните училишта да се одвива во период од 07:00 часот до 19:00 часот.
2. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени во средното училиште.
З. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа. 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
4. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
5. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата.
6. Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага училиштето.
7. Овозможување на влез на 1 до 6 ученици во училиштето во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места.
8. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител / старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.
9. Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, кој се презема од веб страната на Министерството за образование и наука.
10. средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето.
11. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во училиштето со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
12. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
13. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
14. Средните училишта кои имаа два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.
15. Доставувањето на документите од страна на ученикот, односно родителот/ старателот е согласно распоред според азбучен ред од презимето.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето.
Не се задржувајте повеќе од 5 минути во училиштето.
Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

ПРОТОКОЛ за Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година

1. Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски” да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот.
2. Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
З. Задолжително вршење на дезинфекција на клупите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
4. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.
5. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, од страна на сите ученици.
6. Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница.
7. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
8. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
9. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.
10. Задолжително носење документ за лична идентификација, математички прибор (молив, гума, шестар, линијар, пенкало).
11. Забрането е користење на калкулатор и телефон.
12. средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.
13. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,0596 натриум хипохлорит (596 белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција на горни површини.
14. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи.
Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

ПРОТОКОЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ОДНОСНО ЕДИНИЦИТЕ ВО СОСТАВ НА ИСТИТЕ, ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ВИСОКООБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ (ЈАВНИ И ПРИВАТНИ), (ВО НАТАМОШНИОТ ТЕКСТ: ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ) СЕ ВРШИ ПО ОВИЕ МЕРКИ:

1. Секоја високообразовна установа треба да одреди лице или лица, кои вршат дезинфекција на студентите и објектите кои можат да имаат контакт.
2. Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од високообразовната установа.
З. Високобразовната установа на влезот на објектот лепи едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
4. Доколку испитот се полага усмено, помеѓу секој термин, односно распоред за усмено полагање на испит потребно е да има пауза во траење од најмалку 10-20 минути.
5. Доколку испитот се полага писмено високообразовната установа постапува или ги реди масите/клупите за полагање во просториите/салите, определени за таа намена, кои треба да овозможат најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата, односно студентите и носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете.
6. Во просторијата каде се изведува испитот високообразовната установа претходно ги означува местата на кои е дозволено седењето со почитување на меѓусебното растојание:

„Присутните задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици”.

7. Во просторијата каде што се спроведува испитот задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
8. При испит, доколку се користат определени ресурси, средства и материјали, потребно е задолжително истите да бидат дезинфицирани и при секоја наредна употреба истите ПОВТОРНО да се дезинфицираат.
9. Просторијата во која се спроведува испитот/испитите е потребно почесто да се проверува, по можност за време испитот и задолжително во текот на паузите.
10. За време на паузите се забранува групирање на присутните, односно студентите во високообразовната установа.
11. По завршување на испитите, потребно е просториите да се исчистат (особено работната површина на која се работело) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,0596 натриум хипохлорит (596 белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција за горни ПОВРШИНИ.
12. Во просториите на високообразовните установи (внатрешниот дел) за испит и на излезот од објектот потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.
13. Во високообразовните установи е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Италија забрани влез од 13 земји

Read more

Од денеска скопјани ќе се возат во нови автобуси

Read more

Македонија

МОСТ ќе ги следи изборите со близу 900 набљудувачи

Read more

ССНМ: Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната

Read more

Сабота и недела неработни, породилно отсуство 1 година и зголемување на минималната плата, бара ССМ

Read more

Од денеска скопјани ќе се возат во нови автобуси

Read more

Вести

Откриен шпион во кабинетот на Ангела Меркел

Читај повеќе
  • play_arrow

МОСТ ќе ги следи изборите со близу 900 набљудувачи

Читај повеќе

ССНМ: Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната

Читај повеќе

Сабота и недела неработни, породилно отсуство 1 година и зголемување на минималната плата, бара ССМ

Читај повеќе

Вархеји: Европа потфрли во Сребреница, се соочуваме со нашиот срам

Читај повеќе

ОН: Во камповите за семејства на џихадисти починале 700 луѓе

Читај повеќе

Нови 422 казни за неносење маска

Читај повеќе
  • filter

Од денеска скопјани ќе се возат во нови автобуси

Читај повеќе

Рио ќе ги отвори плажите кога ќе се најде вакцина против коронавирусот

Читај повеќе