Владата ги прифати препораките за ограничена работа на угостителските објекти

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести за ограничување на работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и за ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 отсто од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Како што соопшти владината Прес-служба, на седницата е прифатена и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

– На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината, се наведува во соопштението.

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобрила и Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата на COVID-19.

– На денешната седница Владата го утврди Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на Република Северна Македонија или со средства од Европската Унија, односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот COVID-19, се наведува во соопштението.

На владината седница е утврден и новиот текст на Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и согласно член 170 од Деловникот на Собранието, ќе го достави до пратениците на усвојување.

– Овие дополнувања се со цел да обезбедат стабилни приходи и да се олесни работењето на општините во време на COVID-19 за 2021 година, кои се дел од Пакетот 4 на Владата на Северна Македонија, информира владината Прес-служба.

 

реклама

Вести

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Read more

Облачно со пороен дожд и грмежи

Read more

Плацови на Водно: Груевски осуден на 7 години казна затвор, Мијалков на година и 3 месеци, Камчев на една

Read more

Владата ги прифати препораките за ограничена работа на угостителските објекти

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе