Владата го декласифицира договорот со Грција

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста.

Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата.

- Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договорот. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Договорот е насловен - Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, рече Бошњаковски.

Нагласи дека се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на која треба да биде потпишан договорот, но напомена дека утре ќе има повеќе информации и ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата.

- Во текот на утрешниот ден точно ќе знаеме, ќе ве информираме, ќе одржиме брифинг во однос на потпишувањето. Во моментов не е позната точната локација и исто така не е утврден денот кога ќе биде. Утре попладне може малку подоцна ќе знаеме се, рече Бошњаковски.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров на денешната владина седница ги информирал министрите за текот на целиот процес и за реализацијата на договорот, во кој се предлага името Северна Република Македонија.

Димитров истакнал дека спогодбата пријателски ги утврдува интерпретациите на поимот „Македонија“, при што на достоинствен начин се зашитени достоинството, националниот, културниот и севкупниот идентитет на македонскиот народ.

Тој информирал и за чекорите кои следат за реализација на договорот со кој Македонија е поблиску до членство во НАТО и ЕУ.

- Заев лично изрази дека тој силно верува во договорот, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината на земјата. Нагласи дека оваа Влада е горда на ова решение, како историска одлука со што се испишува нова страница во историјата на нашата земја, реше Бошњаковски.

Додаде оти премиерот пред министрите истакнал дека постојат силни аргументи овој договор да се афирмира и брани, се до неговата целосна реализација, за што конечниот збор ќе го дадат граѓаните на референдум.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе