Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година, се враќа на усвојување во Собранието

Владата на денешната седница ги утврди дополнувањата на Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, кои произлегоа од амандманската расправа во комисиите во Собранието.

Со овие измени, дополнетиот Предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието.

Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, утврдено е дека од вкупниот број амандмани, прифатени се 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари.

– Дополнително, на денешната седница на предлог на Министерството за финансии Владата на Република Северна Македонија да ги усвои и следните измени како дополнување на Буџетот за идната година: Зголемување на средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија; зголемување на средствата во Уставен суд на Република Северна Македонија во износ од 1 милион денари за избор на нови уставни судии; зголемување на средствата во Финансиска полиција во износ од 1 милион денари за преземени обврски за набавка на возило, како и некои други, се наведува во соопштението.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со заклучок таа да биде доставена на усвојување на Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на предложената Одлука, стои во соопштението, е:

  • обезбедување средства за справување со енергетската криза,
  • финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата (ЈП „Македонски шуми“, АД „Водостопанство“, АД „Еурокомпозит“, АД „Македонски шуми“, АД „Македонска пошта“),
  • набавка на COVID вакцини,
  • подмирување на обврски за заштита на населението од ХИВ,
  • набавка на метадон и бупренорфин за лица со болести на зависности,
  • обврски кон ЈЗУ задолжени за лекување на лица со болести на зависности,
  • побарувања по основ на партиципација за осигурени лица,
  • набавка на лекови за ретки болести,
  • обврски кон ФЗОМ за целосно здравствено осигурување,
  • плаќање на обврски согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Програмата за рибарство и аквакултура,
  • плаќање на времени ситуации за Брана „Конско“, Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“, ХС „Злетовица“,
  • средства за затворање на проектот Јужновардарска долина,
  • експропријација за Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“,
  • компензирање на трошоците при давање на услугата од јавен интерес во железничкиот превоз на патници,
  • реализација на проектот Ф/П за домување на социјално ранливи групи,
  • обезбедување на средства за подмирување на платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година,
  • дообезбедување на средства за стипендии и студентски домови,
  • дообезбедување на средства за финансиска поддршка на инвестиции (домашни компании),
  • дообезбедување на средства за уредување на ТИР зоните и исплата на државна помош,
  • дообезбедување на средства за набавка на меркантилна пченица за стоковите резерви,
  • дообезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.
Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе