Владата и осумте пратеници ги договараат амандманите, утре конечен став

Скопје, 1 ноември 2018 (МИА) – Владата вечерва во текст да го преточи тоа што е усно договорено за уставните амандмани на средбата во Собранието на Република Македонија меѓу премиерот Зоран Заев и осумте пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, е епилогот од вечерашната средба во Собранието.

Потоа текстот треба да им биде доставен на осумте пратенци на консултации и по објавувањето на договореното во јавноста од нивна страна во текот на утрешниот ден Владата на седница да ги утврди нацрт-амандманите за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа. На средбата не е прецизирано дали четирите предложени амандмани од пратеничката група ќе бидат инкорпорирани во нацрт-амандманите што ќе ги достави Владата до Собранието, или ќе бидат поднесени како амандамни на амандманите.

„На првата консултација беа дадени насоките, денеска зборувавме за суштината и мислам дека ги заокруживме. Останува, сега веднаш после оваа изјава, наше повлекување во Владата да го скицираме целиот текст на нацрт-амандманите којшто преточен во текст ќе биде уште еднаш испратен на консултации и верувам до крајот на денот потврден од новата пратеничка група се со цел утре Владата на РМ на владина седница да ги утврди нацрт-амандманите“, изјави премиерот Заев по средбата.

Кога се ќе биде утврдено, додаде, јас како претставник на Владата објавувајќи ги нацрт-амандманите ќе го посочам каде и што е вградено.

„Еден дел ќе си биде вграден во Уставниот законик, еден дел ќе си биде вграден во самиот проглас на уставните амандмани којшто е акт за прогласување на уставните амандмани, така што верувам дека имаме решение. Сега останува да го преточиме тоа во зборови оти досега дискутиравме само, скициравме со пенкало и слично, сега да го преточиме во еден текст, да го видат конечно тој текст и да дадат конечна потврда дека е тоа така. Јас верувам дека нивната верба која што ги водеше да се одважат, охрабрат и гласаат е со причина и денеска ја видов суштината на таа причина. Мене ми е многу драго што токму таа причина и нивно вградување во самите уставни амандмани разобличува уште една дилема која што постоеше цело време и во текот на кампањата за референдумот, пред кампањата, после потпишувањето на договорот, а тоа дека го потврдуваме македонскиот идентитет“, рече Заев.

Сакам да најавам, потенцира, дека со предложените нацрт-амандмани секој пратеник во Собранието има можност да додаде амандман на самите амандмани како што се додаваат амандмани на закони. Не може нови амандмани, но може да се додадат амандмани на нацрт-амандманите од страна на Владата.

Премиерот не можеше да прецизира дали Владата ќе излезе со само четири амнадмани на Уставот или ќе бидат повеќе.

„Не можам да кажам, мислам дека ќе бидат четири, може да бидат пет, може ќе бидат шест, се зависи како ќе се преточи духот на потребата на договорот од Преспа преточен во самите амандмани. Ние ги кажавме четирите намери за уставните промени, но секако сега веќе работиме на конкретниот текстуален дел каде треба да има своја импликација тоа. Може да биде четири, но може да бидат пет, може да бидат шест, може седум. Без разлика колку ќе бидат, важно е  тоа да биде во духот на договорот од Преспа и во потребата на сите пратеници коишто се вратени во процедурата за промена на Уставот“, посочи Заев.

Прашан дали во преамбулата ќе биде споменат и Охридскиот рамковен договор како што побара  вицепремеиррот Бујар Османи, заев рече дека се уште не е донесена одлука за тоа.

„Немаме донесено одлуки за оваа работа. До вечерва касно ќе работиме. Утре Владата ќе одлучува за овие прашања, така што кога ќе имаме конечно нешто околу тоа ќе го соопштиме“, прецизира Заев.

Најави дека остануваат отворени, да направат се што е возможно и е во духот на договорот, за, како што рече да го направат инклузивен процесот и да предизвика што еможно преголем обем на консензус во македонскиот Парламент. -Се со конечна цел заедно да застанеме онака како што и личи при утврдувањето на протоколот и процедурите на заокружување на имплементација на договорот од Преспа или договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Јас верувам дека постојат исто така многу пратеници коишто веруваат дека ова е единствениот начин Македонија да ја обезбеди својата иднина, а тоа е интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Верувам дека имаме фер и праведен договор од којшто и двете страни добиваат и Македонија и Грција и верувам дека времето многу брзо ќе го потврди дека сме на вистинската страна, рече Заев.

Пратеникот Крсто Мукоски посочи дека разговарале за четири амандамни и дека добиле потврда оти ќе им бидат прифатени.

„Постојат два начини или тие да бидат инкорпорирани во амандманите што ќе ги достави Владата до Собранието или, пак, во напредната фаза да се поднесуваат како наши амандмани на амандманите од Владата. За тоа вечерва дополнително ќе одлучиме, но како било и да е, битно е што Владата имаше слух и сенс за нашите барања, а ние со тоа сме убедени дека ќе направиме дополнителна заштита во зацврстување и зачувување на македонскиот идентитет, на македонското културно-историско наследство и на македонскиот јазик“, изјави Мукоски.

Нагласи дека на вечерашната средба генерално го усогласиле и текстот на амандманите коишто ќе бидат инкорпирани во Уставот.

“Добивме уште една согласност од страна на премиерот дека имаат разбирање за нашите амандмани и дека тие ќе бидат прифатени. Се надеваме дека во текот на утрешниот ден рано, бидејќи Владата утре има состанок, а после тоа треба да го достави документот до Собранието, новата пратеничка група ќе излезе со текстот на амандманите коишто ќе бидат прифатени од страна на Владата. Добивме потврда дека ќе ги прифатат амандманите. Сега разговаравме дали Владата ќе ги инкорпорира на утрешната седница нашите барања, кои ќе ги артикулираме пред одржување на седницата пред јавноста или, пак, ние да доставиме дополнително амандмани на амандманите да ги достави Владата во Собранието. За тоа ќе одлучиме дополнително во текот на вечерта и во текот на утрешниот ден ќе излеземе во јавноста“, рече Мукоски.

Појасни дека првиот од аманданите се однесува на дополнително зацврстување и зачувување на македонскиот идентитет, на македонското културно-историско наследство и на македонскиот јазик. Вториот амандман се однесува на обезбедување на гаранции за спроведување на целиот договор, односно евентуална можна ништовност или не стапување на сила на договорот доколку другата страна не го ратификува во својот Парлемент и не ги ратификува документите коишто обезбедуваат влез во НАТО. Третиот амаднман се однесува на внатрешната употреба на новото име, одосно се предлага сукцесивна примена на новото име со отворање и затворање на поглавјата за влез во ЕУ.

„Разговаравме и за нашата четврта точка, телото или комисијата која што ќе работи на внатрешно помирување, меѓупартиско помирување и би рекол меѓуграѓанско и човечко во општеството треба да започне ефективно да работи од понеделник. Договорено е колку членови ќе има тоа тело, кои се ќе партиципира во тоа тело и од понеделник кога ќе почне со конкретна работа тоа тело како што ќе се разработуваат темите во тоа тело така благовремено ќе добивате информација“, рече Мукоски.

Прашан дали и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат договорот, Мукоски рече дека се добредојдени сите пратеници што сакаат даго поддржат договорот.

„Не го знам конкретнот став на ВМРО-ДПМНЕ, нашата матична партија, меѓутоа би било добро да учествуваат и тие бидејќи сега нашата идеја е да направиме едно колективно помирување помеѓу сите партии, помеѓу сите етнички заедници, помеѓу различните вери, националности итн. Се надевам дека тоа тело ќе успее во својата работа и дека конечно такво едно тело и неговите придобивки од работењето ќе бидат во корист на целото општество. Дали тоа ќе биде така или не, ќе видиме. Меѓутоа, ние сме убедени дека тоа тело ќе вроди со успех дополнително што и од страна на владејачкото мнозинство без разлика дали тоа доаѓа од СДСМ или ДУИ или коалиционите партнери сме охрабрени дека и тие се заинтересирани да партиципираат и дадат активно учество во ова тело“, вели Мукоски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе