Владата ја одржа 78. седница

Владата на Република Северна Македонија на денешната 78. седница, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе Протоколот за работа на кошаркарските клубови при КФСМ за одржување тренинзи и натпревари без присуство на публика и Протоколот за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2020/21 година.

На предлог на Министерството за финансии, заради запазување на законските рокови, Владата денеска ја донесе Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2021-2023 година, како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање која е во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и овозможува следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели.

На денешната седница Владата го прифати барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев бидејќи се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР.

Со оваа одлука на Владата се поништуваат 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата COVID-19, и го задолжи Министерството за финансии, согласно  можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Република Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата COVID-19.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за јули 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 03.08.2020 година со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 04.08.2020 година.

За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–   4 август (вторник) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–   5 август (среда) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–   6 август (четврток) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, и го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година.

На денешната седница Владата донесе Одлука за доделување на вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Северна Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, на Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и на Универзитетот во Тетово во студиската 2020/2021 година.

На оваа седница е донесена и Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година, соопшти владината прес служба.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more
 

Вести

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе