Владата со препораки до граѓаните и работодавачите поради најавите за топлотен бран

Владата на барање на Министерството за здравство, синоќа одржа вонредна седница поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки.

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за деновите 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), согласно коишто е предвидено:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Во овој период, 11.06.2024 година (вторник) и 12.06.2024 година (среда) најавено е и дека териториите на Скопскиот и Вардарскиот регион ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт – подготвеност). Во овие региони ќе важат општите препораки, коишто ќе ги соопшти Министерството за здравство, се истакнува во владиното соопштение.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Read more

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Read more

Се зголемува цената на дизелот

Read more

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

Read more
 

Вести

Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани

Читај повеќе

Дел од Карпош денеска без вода

Читај повеќе

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Читај повеќе

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Читај повеќе

ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт

Читај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Читај повеќе

Хамас се согласил на истиот договор како оној во мај 2023, пресудила една реченица

Читај повеќе

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Бајден сака да му зададе проштален удар на Трамп: Бара укинување на претседателскиот имунитет

Читај повеќе