Владата успеа да врати 300.000 евра од “Јадран филм“ за спорната ТВ серија „Македонија“

Агенцијата за филм на Република Македонија, преку сопштение известува дека првите 300.000 евра државни пари се одземени од хрватската продукција „Јадран филм“ како последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“.

„Согласно правосилното извршно решение, по законски пат, Агенцијата за филм направи поврат на речиси 19 милиони денари, колку што имаше на сметката на „Јадран филм“ во моментот кога беше блокирана. Ова не е целосната сума која државата му ја исплатила на хрватскиот продуцент Винко Грубишиќ- таа изнесува 68 милиони денари или милион и 100 илјади евра со обврска тој до септември годинава да достави готови епизоди од првата сезона. Како ќе се наплати остатокот ќе знаеме по завршување на истрагата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција кои го проверуваат криминалот за целиот период, од објавениот конкурс во декември 2015 до 4 септември, кога истече рокот за предавање на 14 епизоди од серијалот“, пишува во соопштението.

Со ова, известуваат од Владата,  може да започне да врти бројчаникот на Владата, кој треба да ги брои одземените пари стекнати на криминален начин.

„Овој чекор со ефикасно спроведување на законот треба да биде поттик за сите државни институции во одлучната борба против криминалот и корупцијата и со тоа да ја поддржат определбата на Владата дека ќе се конфискуваат имот и пари кои се стекнати со криминално работење“.

Хрватската продукција „Јадран филм“ имала обврска до септември годинава да достави готови 14 епизоди од серијалот „Македонија“. Тоа не било сторено и договорот со нив беше раскинат затоа што во него постои извршна клаузула.

„Во недостаток на снимени материјали, односно непостоење на серија, ‘Јадран филм’ продолжува да манипулира со јавноста пласирајќи кратки видеа снимени во Загреб кои имаат за цел да остават впечаток во јавноста дека нешто се работи. Мојот апел е јавноста да не наседнува на овие трикови кои имаат за цел на целата работа да и дадат политичка заднина, наместо целата работа да се заврши правно. Ние нема да дозволиме со медиумски манипулации, тој да се претставува како жртва и да ја извртува вистината“, пишува во соопштението, директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија.

Агенција за филм, вели Тозија “е оставена во милионски долгови и со потпишани мегаломански, а неостварливи проекти од претходната власт, нема пари да плаќа ПР агенции, како што тоа го прави ‘Јадран филм’ во Скопје. Сега Грубишиќ е спремен да потроши илјадници евра за маркетинг кампања, да узурпира медиуми кои ќе му објавуваат некакви кратки сцени за да сее магла пред јавноста дека тој работи, ама ние не му даваме да доработи, но заборава на фактот дека не треба сега да снима и да пласира видеја, тој требал согласно договорот, веќе да има готови епизоди“.

На „Јадран филм“ истото му се случува и во Хрватска. Некои медиуми објавија дека и таму сметката му е блокирана, а пред два дена Хрватската државна телевизија му раскина договор за продукција на играната серија „Гричка Вештица“. Во официјалниот одговор на ХТВ е наведено дека Винко Грубишиќ не ги исполнувал обврските од договорот. Исто така, во Хрватска се водат неколку судски спорови во последните 15 години во кои е вмешана „Јадран филм“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе