Владата во Албанија го забрани TikTok на 12 месеци

Албанската влада денеска донесе одлука да ја забрани апликацијата TikTok на 12 месеци поради содржина која наводно поттикнува насилство и малтретирање, особено кај децата.

 

Албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу рече дека владата е во контакт со TikTok за инсталирање филтер за родителска контрола, како и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата, пренесува AP.

Албанските власти одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препораа и беа за затворање или ограничување на платформата TikTok“, рече министерката.

Владата во Тирана покрена иницијатива за затворање на апликацијата минатата година, откако тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември по расправија што започна на TikTok.

Рама денеска изјави дека владата е во „позитивен дијалог со компанијата“ која наскоро ќе оди во Албанија за да понуди „низа мерки за зголемување на безбедноста на децата“.

Компанијата соопшти дека не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на TikTok, а повеќе извештаи всушност потврдиле дека видеата што довеле до овој инцидент биле објавени на платформа различна од TikTok.

Родителите според написите, изразиле загриженост по извештаите на децата кои се инспирирани од содржината на социјалните мрежи да носат ножеви на училиште, или случаите на малтретирање промовирани со приказни што ги гледаат на TikTok.

Властите го зголемија полициското присуство во некои училишта и воведоа други мерки, вклучително и програми за обука на наставниците, учениците и нивните родители.

Албанската опозиција не се согласи со затворањето на TikTok и го одреди 15 март како ден за протест против тој потег, тврдејќи дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и терор против слободата на мислата и изразувањето“, пренесува Танјуг.

Тагови
реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Вучиќ и Рама со предлог за ЕУ: Србија и Албанија во Шенген, но без вето

Read more

Србија увезува најмногу оружје од сите земји во регионот

Read more

Србија забрани извоз на нафта и горива поради недостиг

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе