Владините функционери трошеле помалку за угостителски услуги, телефон и авиобилети во споредба со претходната власт

Скопје, 20 март 2019 (МИА) – Трошоците на сите министерства во Владата за периодот од јуни до ноември минатата година, изнесуваат 18.048.080 денари, што е над двојно помалку споредено со трошоците на министерствата на претходната влада за истиот период во 2015 година, кои изнесуваат 41.405.076 денари, покажува најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите од актуелниот владин состав.

– Вкупните угостителски услуги во држвава и странство на министрите, замениците министри и државните секретари во 2018 година изнесуваат 7.066.165 денари и се за 2,7 пати пониски во однос на споредбениот период од 2015 кога биле 19. 132.121 денар. Овие сериозно намалени трошоци се резултат на скратените непродуктивни плаќања, и тоа во период на интензивни посети на странски делегации на државата кога секој ден, а во некои наврати и повеќе пати на ден, високи владини делегации ја посетуваа земјата како гости на владата на РСМ, соопшти денеска владината прес-служба.

Оттаму наведуваат дека се за одбележување намалените вкупни трошоци за мобилен телефон во висина од 772.286 денари во 2018 година во периодот од јуни до ноември, додека во истиот период во 2015 година трошоците за разговори на мобилен достигнале сума од 2. 602.543.денари, што е кратење на трошоците за повеќе од три пати .

Уште повидлива е, стои во соопштението, разликата и во висината на трошоците за авионски карти. Ако во 2015 година, Владата предводена од Никола Груевски потрошила 11.804.083 денари, кога земјата беше во длабока политичка изолација, во 2018 година се потрошени три пати помалку, односно 4.815. 198 денари, во период на најинтензивни преговори за напредок на нашите евро-атлантски интеграции.

Софтверското решение на алатката овозможува пристап и до наративни месечни извештаи за работата на службениците, остварени состаноци, службени патувања во странство, трошоци за репрезентација и друго, и ги прикажува податоците во форма на интерактивни инфографици со цел да ги направи попрегледни за сите во име на јавниот интерес.

Од Владата оценуваат дека алатката за отчетност и транспарентност дава резултати. Постојаниот увид во трошоците за работење на владиниот состав стимулирал наменско и домаќинско работење, паралелно со реформската агенда, зачленувањето во НАТО и интеграцијата кон ЕУ.

Линк до алатката за отчетност https://vlada.mk/otchetnost-troshoci.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе