Македонија

Владо Димов, поранешен министер за здравство, уапсен во Полска

6. јули 2009 - 21:31 |

Уапсен екс министерот на здравство Владо Димов. Вчера околу 10 часот наутро бил приведен на варшавски аеродром во Полска, од страна на Интерпол.

По налог на Основниот суд во Струмица, во март годинава, МВР распиша потерница за Владо Димов кој се товари за злоупотреба на службената должност во 2005 година, во времето кога беше министер.

Димов  дал одобрение за нови вработувања во Здравствениот дом Струмица спротивно на законот и без одобрение од Министерството за финансии. Со оваа постапка го оштетил буџетот на здравствената установа за 2,5 милиони денари - вели портпаролот на МВР Иво Котевски.

Поранешниот министер Димов утре во 9 часот наутро ќе биде изведен пред истражен судија во Полска, каде се очекува да му биде изречен екстрадициски притвор.

Инаку на екс министерот му беше конфискуван имотот поради долг кон Управата за јавни приходи поради неплатен персонален данок во вредност од 790.000 евра.

Димов во 2006 година замина на специјализација во Турција и се претпоставува дека негова следна дестинација била Бугарија каде извадил бугарски пасош и државјанство.

Од МВР информираат, доколку биде екстрадиран, на Димов ќе му се суди за сите дела во Македонија.

Коментирај