Влахо – најстарата неолитска населба откриена досега во Македонија

Археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија е досега најстара откриена неолитска населба во Македонија, потврдило лабораториското датирање, соопшти Центарот за истражување на предисторијата. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.

Освен неговото екслузивно датирање, локалитетот Влахо е специфичен и по присуството на десетина ровови и објекти, што беше регистрирано со геофизичкото скенирање на неговиот простор, велат од Центарот за истражување на предисторијата. Археолошкото истражување на локалитетот го потврди постоењето на овие ровови, како и богатата стратиграфија сочинета од ранонеолитски слоеви во кои има остатоци од куќи од лепеж, белосликана керамика, фигурини, жртвеници, антропоморфни модели на куќи и алатки. Археоботаничките и археолошките анализи укажуваат на консумирање храна од пченица, јачмен, леќа, грашок, јаболки, капини, говеда, овци, кози и свињи, и тоа уште во самите почетоци на овој особено значаен локалитет.

Резултатите добиени од мултидисциплинарното истражување на Влахо кај Живојно се публикувани во списанитето Патримониум, а уште неколку научни трудови се дадени во печат во еминентни светски издавачки куќи. Целта на авторите беше овие извонредни сознанија екслузивно да бидат објавени пред македонската јавност и археолошката фела, после што следи и нивно скорешно публикување во неколку европски и американски списанија. Новите откритија за овој локалитет беа презентирани на меѓународниот собир на Европската асоцијација на археолозите во Будимпешта, како и на предавања во Рим и Берлин, така што археолошката заедница ја препозна специфичноста на оваа неолитска населба и го подржува нејзиното натамошно афирмирање. На тој начин овој археолошки локалитет постепено го добива своето заслужено место во академскиот свет, што ќе придонесе и за негово подобро презентирање пред пошироката јавност.

Археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно се истражува веќе неколку години во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј - Битола, при што се вклучени и стручњаци од Универзитетот од Базел, Шпанскиот национален совет за наука, Универзитетот во Белград, Завод и музеј - Прилеп, Институтот за старословенска култура, Археолошкиот музеј на Македонија и студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“. Различни сегменти од овие обемни мултидисциплинарни истражувања се подржани од германската Фондација за истражување и заштита на тумбите, Универзитетот во Базел, македонското Министерство за култура, шпанскиот Национален совет за наука, Фондот Западен Балкан и Европската Унија.

Целосниот труд е достапен за преземање во PDF тука.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Култура

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Read more

Почина актерот Димче Мешковски

Read more

Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата

Read more

Порака по повод Светскиот ден на детските театри - 20 Март

Read more
 

Вести

Курти: Дали Вучиќ е Доктор Не или Мистер Њет?

Читај повеќе

Францускиот парламент со големо мнозинство гласаше за нов нуклеарен план

Читај повеќе

Институт за војна: Путин не го доби она што го сакаше од кинескиот колега

Читај повеќе

Американскиот долар ослабе во однос на еврото

Читај повеќе

Потврдено: Папата Бенедикт бил под истрага како соучесник во сексуална злоупотреба

Читај повеќе

Променливо облачно со умерен ветер

Читај повеќе

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Читај повеќе

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Читај повеќе

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе