Власта и опозицијата се усогласуваат за идниот статус на СЈО

Скопје, 18 март 2019 (МИА) – Во Министерството за правда во тек е првата средба на која власта и опозицијата ги усогласуваат ставовите околу предлог законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство, кој е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија.

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска пред средбата во изјава за медиумите порача дека од сите учесници очекува да работат на носење квалитетен закон којшто ќе имплементира меѓународни стандарди, а не да се прават обиди за избегнување на одговорност од поранешни или идни сторители на кривични дела.

Во однос на прашањето за барањето на ВМРО-ДПМНЕ, Катица Јанева да не биде специјална јавна обвинителка, Дескоска одговори дека тоа е во надлежност на Советот на јавни обвинители.

-Мандатот на специјалната обвинителка според сегашниот закон истекува оваа година. Со оглед на тоа што ниту Мицковски, ниту Зоран Заев, ниту пак Министерството за правда избира јавен обвинител, прашањето понатаму за избор кој ќе продолжи да ја врши функцијата специјален јавен обвинител е прашање коешто ќе треба да го одговорат членовите на Советот за Јавно обвинителство. Од тие причини не треба да разговараме за луѓе, туку за создавање на систем заснован на принципи којшто ќе гарантира и утре непристапно водење на постапките од страна на било кое обвинителство, рече министерката за правда.

Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, рече дека станува збор за еден процес на Јавното обвинителство, каде Специјалното јавно обвинителство е само еден дел од целиот тој процес, а тие ќе ги изнесат своите како што рече конструктивни забелешки.

-Ние објавивме дека недостасуваат многу ратификувани меѓународни акти кои не се имплементирани и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик да ги имплементираме истите, рече адвокатот Менкиноски.

Артан Груби од ДУИ кој исто така присуствува на средбата, изјави дека партијата го поддржува законското решение и се надева дека ќе ги убедат и колегите од опозицијата исто така да се придружат до постигнувањето на последниот консензус за основање на СЈО во рамките на Јавното обвинителство.

Премиерот Зоран Заев порано денеска изјави дека на овие средби нема да се разговара за лица, дека ниту тој, ниту Мицкоски не се тие коишто треба да кажат кој да го води СЈО, како и дека доколку опозицијата одлучи да не гласа за овој закон којшто се носи со двотретинско мнозинство, тогаш СЈО ќе продолжи да функционира по старииот закон.

-Сериозен  јавнообвинителски систем мора да има. Со помош на меѓународната заедница, на сите експерти – имаме прекрасен закон. Со сите укажувања, перфекции од Венецијанска комисија и сето она што е вредно за државата. Оттука и нашата одговорност како чинители во општеството треба да си ја понесеме. Јас верувам дека ова не се преговори, ова се разговори на работни групи помеѓу двете најголеми политички партии за обезбедување на функционален правен систем, рече Заев.

Овие средби се очекува да продолжат и во наредните денови. Рокот до кој треба да има некаква разрешница и овој закон да се донесе во Собранието е до крајот на март кога почнува кампањата за претседателските избори.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе