Музика

Влатко Стефановски ќе настапи на Д-фестивал во Дојран

11. јуни 2019 - 11:16 | АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

Музичката легенда со неверојатна техника за свирење гитара Влатко Стефановски летово првпат ќе настапи пред фестивалската публика во Дојран со акустичен концерт.

Некогашниот член и еден од основачите на „Леб и сол“ ќе ги забавува посетителите на фестивалот со неговиот препознатлив стил на музика, во звукот на етно, рок, џез фјужн и блуз.

Д-фестивал ќе се одржи во Дојран од 12 до 14 јули, а покрај Стефановски, во музичката програма своето присуство досега го потврдија:  Ofenbach, Noisia dj set, Captain Hook, Аkua Naru, Napalm Death, Mahmut Orhan, Djaikovski feat. Lion D, Hindi Zahra, DISCIPLIN A KITSCHME, Vojko Vrućina, Strajk Oficijalen Profil, Superhiks, Tom Novy, Sidi Wacho, Rib, Porto Morto, MvrSvr Production (Bon Praskiza, Donplaya, Princess Donatsu), Црнила remix, ZeeBomb, Parketi, Disease, SAM, DISCLASS, Misanthrope, DJ Nikifor, DJ Flooder, Disease, Fiction, Aleksandar Veliki.

Цената на влезницата за еден фестивалски ден е 400 денари, а со неа купувачите добиваат пристап до сите бини, односно за целосната програма во текот на денот за кој се купува влезницата (од 11:00 до 11:00 наредниот ден). Со еднодневна влезница не следува кампување.

Коментирај