Влатко Стефановски: Нема поубав свет надвор од Балканот

Вонсериските гитаристи со светска репутација Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ вечерва ќе одржат концерт во белградската Комбанк арена во рамки на Гитар Арт Фестивалот, каде премиерно ќе претстават фрагменти од долго очекуваниот албум „Крушево 2“, како продолжение на еден од најдобрите гитарски проекти на овие простори.

Соработката меѓу Стефановски и Тадиќ започна уште во 1998 година кога го реализираа албумот „Крушево“, кој зазема култен статус кај сите љубители на звукот на гитарата.

Двајцата гитарски виртуози ќе ја претстават својата едноставна комбинација на фламенко, блуз и џез, која ја изведуваат со неверојатна прецизност и енергија. Тие музиката од Балканот вешто ја комбинираат со етно џез, инструментален рок и блуз.

Стефановски истакна дека публиката вечерва ќе има можност да слушне нешто ново и нешто старо, но одлично, и пред се ќе ужива во добра музика. Тој нагласи дека „мора да се излезе од рамките дека на Балканот живеат јужнословенски племиња наспроти прекрасниот и уреден свет“.

– Културното наследство, а со тоа и музиката на Балканот, е огромно богатство на кое мораме да бидеме исклучително горди. Ако за тоа некој во светот не знае, тогаш тоа е проблем на неговите дупки во познавањето на музиката. Раскошот на балканската музика одамна го препознав и секогаш се обидував да го афирмирам тоа богатство преку компонирање и интерпретација. Ние мора да сфатиме дека токму ние сме светот и не постои подобар свет надвор од Балканот. Можеби кај нас е малку поразнобојно и повозбудливо, но затоа е и повеќе со емоции, како на Медитеранот, изјави Стефановски, додавајќи дека помалите култури се секогаш искомплексирани во однос на големите, но тоа не смее да се дозволи.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе