Влеговме во ретрограден Меркур: Кои хороскопски знаци треба да бидат внимателни?

Астролозите ги советуваат сите хороскопски знаци да бидат особено внимателни за време на ретроградниот Меркур, кој почна на 10 мај и ќе трае до 2 јуни. Во тој период треба да ја „пуштите топката“, да се смирите и да не поттикнувате хаос.

Што е ретрограден Меркур?

Секоја планета во Сончевиот Систем се движи директно или ретроградно. Во првиот случај, ова е протокот на небесното тело по неговата вообичаена патека. Ретроградно движење се нарекува кога планетата се чини дека забавува или почнува да се врти во спротивна насока.

Според астрологијата, секоја планета е одговорна за одредени области од животот. Меркур е задолжен за логично размислување, дружељубивост, говор, комуникација, наука, трговија и финансиски трансакции, патување, купување или продавање, започнување бизнис, учење.

Кога планетата е во ретроградно движење, тоа значи дека ситуацијата ќе биде комплицирана на полињата со кои владее. Овој пат започнува во „коридорот на затемнувањето“ и ќе помине во соѕвездието Бик, што можеби нема најдобро да влијае на аналитичките способности на сите знаци. Така, расудувањето ќе биде проблематично, а можни се и проблеми на полето на финансиите.

Како да се однесувате во овој период?

Во овој период не треба да бидете премногу активни. Не само што нема да го постигнете ефектот што го посакувавте, туку потенцијално ќе ја влошите ситуацијата во животот. Астролозите ве советуваат да се воздржите од започнување големи проекти поврзани со учење, трговија, технологија.

Можеби најважниот совет е да се воздржите од склучување договор и многу внимателно да ги разгледате сите информации што ги добивате. Не ги сфаќајте лесно, постои можност за измама. Исто така, не се препорачува да се вклучите во некои големи продажби, особено кога станува збор за недвижен имот. Бидејќи Меркур е одговорен и за финансиските трансакции, овие процеси може да бидат одложени или дури и комплицирани.

Сепак, ова е добро време да научите стари лекции, да ги анализирате претходните грешки за да не се повторат во иднина. За да спречите загуби и неуспеси, не започнувајте или планирајте ништо ново во овој период, намалете го бројот на состаноци, ограничете ја комуникацијата.

Кои хороскопски знаци треба да бидат внимателни?

Знаците кои се под контрола на Меркур и мора да се однесуваат повнимателно се Девица и Близнаци. Тие се повеќе засегнати од овој аспект, што создава пречки во комуникацијата и бизнисот.

А еве неколку совети кои треба да ги следи секој хороскопски знак во овој период:

ОВЕН

Овенот треба да се воздржува од расправии и да им го наметнува своето мислење на другите, што инаку им е карактеристично. Овојпат може да заврши драматично.

БИК

Не се препуштајте на непотребно купување, размислете како ги трошите парите. Убаво е да се биде хедонист, но овој период не е за „расфрлање“.

БЛИЗНАЦИ

Ова е најдобро време да размислите што е тоа што сакате од животот. Многу е важно да не одложувате никаква деловна кореспонденција, може да изгубите добра можност.

РАК

Имате нагон да се вратите на поранешната љубов, а тоа е најлошата опција во моментов. Дајте им шанса на новите луѓе, ако старата врска функционираше - ќе траеше.

ЛАВ

Бидете поблаги во комуникацијата со другите, тие нема да ја толерираат вашата мрзливост во овој период. Ако го промените ова, ќе ја отворите вратата за нови и убави пријателства.

ДЕВИЦА

Посветете повеќе грижа на себе и на сопственото здравје. Застанете, одморете се, не мора да ја прифаќате секоја покана за дружење. Ве исцрпуваат.

ВАГА

Завршете ја работата што сте ја започнале дома, ќе ви се исплати финансиски, а ќе решите голем проблем. Комуникацијата со другите не е на завидно ниво.

СКОРПИЈА

Скорпиите мора да бидат особено внимателни со парите во овој период. Во спротивно, тие имаат тенденција да се „побркаат“, а овојпат грешките може скапо да ги чинат.

СТРЕЛЕЦ

Ретроградниот Меркур би можел да ве казни за себичност и недостаток на емпатија. Подобро слушајте ги блиските луѓе, на некои луѓе навистина им е потребна помош.

ЈАРЕЦ

Во овој период имате неочекувани трошоци, но ако паметно се справувате со парите, сè ќе оди како што треба. Не бидете импулсивни. Направете план.

ВОДОЛИЈА

Треба да му посветите повеќе внимание на партнерот и малку да ги зголемите страстите, доколку сакате таа врска да успее. Моментално сте на пресврт, а се зависи од вас.

РИБИ

Рибите никогаш не треба да се движат во овој период, ниту пак да се занимаваат со поголеми набавки. Советите на астролозите е да се смирите и да се занимавате со некои помалку материјални работи, додека не помине „бурата“.

реклама

Зошто чајот од оригано се смета за најздравиот чај во светот?

Read more
Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Од која држава луѓето најмногу се иселуваат и како стои Македонија на тоа поле?

Read more
За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

За учесниците во Балканската лига по 800.000 евра

Read more
landscape-1464368425-landscape-1464288548-wine-theme-park-leadjpg.jpg

La Cité du Vin: Тематски парк за љубителите на вино

Read more

Живот

Видови цвеќиња кои се отровни за домашните мачки

Read more

Модерни идеи за украсување на празничната трпеза

Read more

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Read more

Петок 13-ти им носи пари на три хороскопски знаци

Read more
 

Магазин

Видови цвеќиња кои се отровни за домашните мачки

Читај повеќе

Рак на простата може да се спречи со намалување на внесот на 3 намирници

Читај повеќе
  • play_arrow

Модерни идеи за украсување на празничната трпеза

Читај повеќе
Интензивен петминутен тренинг за горење калории

Интензивен петминутен тренинг за топење калории

Читај повеќе

Кои се најдобри витамини и суплементи за имунолошкиот систем?

Читај повеќе

5 најчести грешки поради кои не ви ја бива руската салата

Читај повеќе

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Читај повеќе

Банана диета: Се слабее 18 килограми без гладување

Читај повеќе

Петок 13-ти им носи пари на три хороскопски знаци

Читај повеќе