ВЛЕН: Дрин Ахмети во Rolls-Royce, Мијалков во Ferrari, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ

Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како екс директорот на ДБК и осудениот Сашо Мијалков беше виден во Монако пред луксузен ресторан со црвено Ferrari вредно околу 700 илјади долари. Што значи тоа, дека осудените живееле луксузен живот додека многу невини Албанци страдаат во затворите, велат од ВЛЕН.

„Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајаз. Така, Али Ахмети со неговата маша Груби направија сѐ за Мијалков да ужива во слободата.

Како што криминалот и корупцијата не познаваат етничка припадност, така и луксузот нема етнички граници. Сега ако Сашо Мијалков води луксузен живот во странство во македонскиот табор, во албанскиот камп внатре и надвор од земјава луксузен живот води внукот на 'силниот' чичко, Дрин Ахмети.

На Дрин Ахмети не му се допаѓа Ferrari бидејќи е виден со бел Rolls-Royce со регистарски таблички на Кичево, автомобил вреден околу 400 илјади долари. Значи, станува збор за внукот на Али Ахмети, 'супер интелигентниот' млад човек за кој Обвинителството побара помош и од САД за неговите сомнителни финансиски трансакции.

Можете да замислите, живееме во земја во која политичарите и нивните семејства промовираат луксузен живот, додека граѓаните пресметуваат како да се справат со своите трошоци до крајот на месецот. Ова е омаловажување, злоупотреба, измама на граѓаните додека моќта стекната со својот глас ја претворат во извор на богатење на нивните семејства.

Но, за среќа, оваа ера заврши со промена на власта. Нема повеќе политичари кои можат да се збогатат преку ноќ. Нема повеќе среќни внуци како Дрин Ахмети. Нема повеќе чичковци како Али Ахмети кои им овозможуваат на своите внуци да поседуваат трговски центри и да возат автомобили од 400.000 долари.

Затоа, Али Ахмети, мотивот на неговиот внук, денеска е осуден од граѓаните со право на глас, бојкотиран од македонските партии и демаскиран од меѓународниот фактор.

ВЛЕН е надежта на граѓаните Албанци, злото заврши. Срушена е кулата на ДУИ, се отвора нова перспектива за живеење“, соопштија од ВЛЕН (ВРЕДИ).

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Портпаролот на Путин: Западот нѐ принуди во војна, имаме еден услов за преговори

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Read more

Македонија

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Read more

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Read more

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Read more
 

Вести

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Читај повеќе

Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

Читај повеќе

СДСМ: Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната

Читај повеќе

Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

Читај повеќе

Левица: Државниот грб им пречи само на неоврховистите и необалистите

Читај повеќе

Таравари: Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20%

Читај повеќе

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Читај повеќе

Казни за 809 возачи, 232 за брзо возење, поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на годинава

Читај повеќе