ВЛЕН: ДУИ е синоним за зло и дестабилизација

Таканаречениот Европски фронт, се обидува да сее несигурност кај граѓаните. Тоа што Фронтот наречен „европски“ беше дестабилизиран не значи дека треба да се дестабилизира државата. Тоа што се поделија, не значи дека општеството ќе се подели како нив, велат од коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).

„Во овие клучни моменти за иднината на државата, ги повикуваме сите политички актери кои ѝ посакуваат добро на државата, да се обединат околу стратешките цели, а тоа се европските вредности и евроинтеграциите, а не други ретроградни дејствија. Кога ДУИ зборува за руски инфилтрации, ја потсетуваме јавноста дека оваа партија му даде пасош на прорускиот бизнисмен Онишченко, кој е на црната листа. Смешно е кога ДУИ зборува додека нејзините постапки ја демантираат. Токму оваа партија сама го отвори небото за да го донесе рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Скопје. Обидите за дестабилизација нема да поминат, ќе тече хармонија и соживот меѓу граѓаните каде сите ќе се чувствуваат еднакви. Ова го дадовме како ветување во предизборната кампања и посветено се залагаме за тоа секој ден“, се нагласува во соопштението од оваа партија.

Според ВЛЕН, „синоним за дестабилизација е Девалвирачката Унија на Институциите“.

„Им го освежуваме сеќавањето. Сите страшни настани во државата, особено за Албанците, се случија кога ДУИ беше дел од власта. Случаите 'Монструм', 'Диво Наслје', се настани кои ја затегнаа државата, но за среќа не создадоа поделеност во општеството. ДУИ е синоним за зло и затоа Албанците ги испратија на местото каде заслужуваат да бидат, во опозиција“, оценуваат од ВЛЕН.

Албанскиот народ, како што додаваат, повеќе нема да биде манипулиран.

„Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. E, ова им пречи на експонентите на ДУИ, поточно Артан Груби. Бајките и лагите кои се обидува да ги наметне во домашната јавност веќе не поминуваат, па сега се обидува да ги пренесе своите лаги во јавноста во Албанија дека по инцидентите кои се случиле, биле уапсени 17 Албанци, што апсолутно не е вистина. Потсетуваме дека 17 лица беа уапсени за палење на државното знаме и албанското знаме.
ВЛЕН гарантира: Законот е за сите и над сите. Никој нема да биде над законот, без разлика на позиција или припадност. Безбедноста е приоритет. Секој граѓанин, без разлика, заслужува да се чувствува безбеден и заштитен. Правдата е на дело. Секое кривично дело ќе се истражува, секој сторител ќе одговара и никој нема да избега од казна“, прецизираат од ВЛЕН.

Тагови
реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Македонија

Во сообраќајка кај Сарај повредени се четири лица

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Read more

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Read more
 

Вести

Трамп планира да почне масовна депортација на мигранти во Чикаго

Читај повеќе

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Читај повеќе

Во сообраќајка кај Сарај повредени се четири лица

Читај повеќе

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Читај повеќе

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Читај повеќе

Евростат: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Читај повеќе

Цуцковски: Заедно со новите селектори ќе создадеме врвна уметничката програма на Охридско лето

Читај повеќе

Финансиската полиција со кривични пријави против 3 физички и 2 правни лица: Ги фалсификувале и уништувале деловните книги

Читај повеќе