Влез во земјава само со негативен тест или задолжителен двонеделен карантин

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци, но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.

Потоа на граничниот премин лицата ќе треба да потпишат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Врз основа на потпишаната изјава, од страна на овластени претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, а од припадници на МВР се врши контрола на спроведувањето на Решението за здравствен надзор и домашна самоизолација.

– Оние наши граѓани или странци со регулиран престој во земјава, кои при влез на територија на државава нема да приложат валиден PCR тест или ќе приложат невалиден PCR тест, од граничниот премин со превоз организиран од Владата или со сопствен превоз, со придружба од страна на припадници на МВР ќе бидат спроведени во државен карантин, се вели во соопштението.

Во текот на денот се организира превоз од граничен премин до државен карантин во два наврата и тоа во 10:00 и во 20:00 часот. Граѓаните ќе останат во државен карантин 14 дена.

Доколку граѓаните сакат да им се направи PCR тест, на нивно барање ќе им се овозможува од страна на овластена институција во најкраток рок да им се направи таков тест. Оние граѓани на кои направениот PCR тест е негативен, потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се засметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат карантинот и заминуват во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.

Од МВР информираат доколку граѓаните не сакаат да им се направи PCR тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе