ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска лажеше-сушеше за пречистителната станица, а сега го потпишала договорот и се крие

Данела Арсовска молчи и бега од одговори како го потпишала договорот за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тој поради кој што го разреши директорот Перински и за што ширеше лаги за ВМРО-ДПМНЕ. Сè што кажа излажа. Се тресеше пред камери, драматизираше, смислуваше најдолни невистини, за сега сето тоа да падне како кула од карти. Да имаше грам совест досега ќе се извинеше барем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот за пречистителната станица од страна на директорот на Водовод и Канализација, Перински, како што додаваат во соопштението, беше воден според сите постапки и прописи утврдени од страна на Европската инвестициска банка, и истата уште пред речиси година ги демантираше клеветите на Арсовска. Лагите на Арсовска, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ, беа потопени и тогаш, потопени се и сега со потписот на договорот кој Арсовска го премолча.

„Арсовска лажеше-сушеше за некаков наводен криминал во постапката. Сето тоа говори за неа како личност. Штом лажно обвинува други за криминал, тогаш тоа потсвесно говори и за нејзиниот карактер. Да кажува такви безочни лаги без око да и трепне дека вистината ќе излезе на виделина, значи дека има сериозен проблем“, реагираат од опозициската партија.

Според нив, „сега кога прашината слегна, се виде дека всушност рацете во медот ги имаат заглавено Арсовска, ДУИ, СДС и Левица. Порано или подоцна сркањето од медот ќе им преседне“.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе