ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за несреќата во Тетово и Јавното обвинителство да покрене обвиненија

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара морална одговорност и оставки за несреќата во модуларната болница во Тетово во која загинаа 14 лица.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, во изјавата за медиумите во Собранието, посочи СДСМ и ДУИ, обвинувајќи се меѓу себе откриваат дека немало соодветен надзор на модуларните објекти, немало противпожарен систем за заштита, технички прием, ниту атестирани материјали, што би гарантирало безбедност на пациентите, што е вели, надвор од сите норми и правила, ова е нестручно и недоговорно работење од страна на надлежните органи. 

– Од сè што до сега излезе во јавноста, јасно е дека виновни за пропустите се токму СДСМ и ДУИ и никој друг. Токму затоа мора да има одговори на следните прашања: Зошто Заев, Филипче и Хасани дозволија изградба на болница која нема основни стандарди? Дали и зошто не ги послушале советите на експертите да не ги вградуваат високо запаливите ПУР панели во модуларните болници? Колкава е разликата во цената помеѓу ПУР панелите и панелите кои имаат поголема отпорност и дали за пари некој дозволил да се изгради болница која изгоре за само три минути? Ова се клучни прашања кои ги засегаат сите. Ова се прашања чии одговори ќе нè одведат до вистината и виновниците за трагедијата во болницата во Тетово. Затоа, бараме одговори веднаш! Јавното обвинителство да не чека и веднаш да покрене обвиненија, рече Велјановски. 

Тој ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека го блокираат донесувањето на важни закони во Собранието и оти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата се цело време во Собранието и конструктивно работат на донесување на овие закони, а за неработењето на Собранието вината ја префри на мнозинството. 

– Зошто мнозинството не закажува пленарни седници и зошто не обезбедува кворум за работа. Ние сме цело време тука, вели Велјановски.  

Тој најави дека покрај иницијативата за анкетна комисија во Собранието за случајот со тетовската модуларна болница, од партијата ќе следат и дополнителни иницијативи за утврдување на вистината. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе