ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата со кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави листа со 38 кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори.

Меѓу кандидатите има многу добро познати имиња, актуелни градоначалници, но има и млад, свеж кадар од рамките на партијата.

  • За Битола, Зоран Илиоски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на комисијата за избор и менување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола и  дипломиран електротехнички инжинер.
  • За Бутел, Дарко Костовски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, дипломиран политиколог, вработен во министерството за труд и социјална политика и актуелен советник во Советот на општина Бутел и тренер на македонската Таеквондо федерација.
  • За Штип, актуелниот градоначалник, Илчо Захариев, квалитетен кадар, со голем број на реализирани проекти, познат фармацевт со национално реноме.
  • За Виница, Мартин Павлов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Виница, лекар со долгогодишен стаж во градот.
  • За Чаир, Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, специјалист по дефектологија.
  • За Босилово, актуелниот градоначалник, Љупчо Колев.
  • За Струга, Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, лекар по професија.
  • За Свети Николе, актуелниот градоначалник на градот, Зоран Тасев.
  • За Ново Село, актуелениот градоначалник, Блажо Велков.
  • За Василево, актуелниот градоначалник, Ванчо Стојанов:
  • За Кочани, актуелниот градоначалник, Ратко Димитровски.
  • За Ресен, актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски.
  • За Чешиново Облешево, Горан Зашов, директор на водостопанско претпријатие.
  • За Гевгелија, актуелниот градоначалник, Иван Франгов.
  • За Македонска Каменица, актуелниот градоначалник, Дарко Митевски.
  • За Дојран, актуелниот градоначалник, Борче Стамов.
  • За Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, пратеник во Собранието на Република Македонија.
  • За Зрновци, актуелниот градоначалник, Блаже Станков.
  • За Крива Паланка, актуелниот градоначалник, Арсенчо Алексовски.
  • За Охрид, Митко Тилев, доктор специјалист по ортопедија, вработен во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид.
  • За Сопиште, актуелниот градоначалник, Стефче Трпковски.
  • За Богданци кандидат за градоначалник е Никола Роглев.
  • За општина Маврово Ростуше кандидат за градоначалник е Алим Билали, актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
  • За Долнени, Пецо Вајгалевски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет.
  • За Кавадарци кандидат за градоначалник е Митко Јанчев,  стопанственик.
  • За Неготино кандидат за градоначалник е Златко Пенков.
  • За општина Крушево кандидат за градоначалник е Ѓорги Дамчески.
  • За општина Дебрца кандидат е Игор Трајковски, актуелен градоначалник.
  • За Демир Хисар, актуелниот градоначалник, Љупчо Блажевски.
  • За Ранковце, Роберт Симоновски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
  • За Чашка, Зоран Здравевски, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка.
  • За Јагуновце, актуелниот градоначалник, Тони Коцески.
  • За Карбинци, актуелниот градоначалник, Зоран  Минов.
  • За Конче, актуелниот градоначалник, Благој Јованов.
  • За Пехчево, актуелниот градоначалник, Игор Поповски.
  • За Пробиштип, актуелниот градоначалник, Тони Тоневски.
  • За Градско, актуелниот градоначалник, Жанета Чаушевска.
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе