ВМРО-ДПМНЕ ќе бара оставка на РКЕ во Комисијата за финансирање и буџет

ВМРО-ДПМНЕ вечерва по трет пат го подигна гласот против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапувањето на струјата за 7,4 проценти.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва пред седиштето на РКЕ во центарот на Скопје, изјави дека Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4 проценти со што директно удира врз стандардот на граѓаните.

– Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и Владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови одбегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за ова нерационална одлука. Регулаторната комисија е само обична маша во раце на власта на Заев. Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат, а целта е јасна, да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компани со пари од џебот на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза, рече Јанушев.

На ова надзорна расправа, ВМРО-ДПМНЕ, како што најави генералниот секретар на ова партија, ќе побара да се разгледа начинот на работа РКЕ, но и начинот на кој се носат овие штетни одлуки по стандардот на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека ова комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на комисијата Марко Бислимовски, е член на СДСМ, дел од партиското на раководство кој е сликан на партиски настани, во партиски простори, кој сега на јавноста ѝ се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација, која народот скапо го чини, истакна Јанушев.

Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе побарат оставка на РКЕ и поништување на одлуката за поскапување на одлуката за 7,4 проценти.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе