ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот

Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДСМ и ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека социјалдемократите се на страната на корумпирано судство и обвинителство.

„СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење.

Заменик-претседателката на СДС, Фани, даде јасна поддршка на судиите и обвинителите поради кои довербата во правосудството е 2%.

Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

Функционирањето на судиите и обвинителите кои се избрани во Зајас и Струмица, а кои се во сојузништво и се партиски послушници на СДС и ДУИ, е поразително за Македонија.

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи истите му овозможија на Венко Филипче да не одговара за модуларната болница, за скандалот на Онкологија, за скандалите со набавката на вакцини итн.

Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, 'заборавените' предмети, и непостапување по наводите за криминал се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем.

Потребни се реални реформи во судството и обвинителството.

Неопходно е независно судство и неопходно е судството во Македонија да е растоварено од политички влијанија“, се вели во партиското соопштение.

реклама

Македонија

Утре променливо облачно со локален дожд

Read more

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Read more

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Read more

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Read more
 

Вести

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Читај повеќе

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Читај повеќе

Утре променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Читај повеќе

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Читај повеќе

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Читај повеќе

Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

Читај повеќе

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Читај повеќе

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Читај повеќе