ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Пратеничката група на ВМРО-ДПМЕ и Коалицијата поднесе измени на две законски решенија со цел да им се олесни животот на лицата кои боледуваат од хронична болест од најтежок облик, цистична фиброза.

Пратеникот Петар Ристески образложи дека станува збор за измени на Законот за здравствено осигурување и Законот за јавни патишта. Со измените на овие Закони, рече тој, предлагаат ослободување од партиципација за лекување на лицата болни од цистична фиброза над 26-годишна возраст и ослободување од патна такса и патарини.

„Пред три месеци бевме сведоци на измени на Законот за лекови, со цел лицата кои се хронично болни од најтежок облик, цистична фиброза да ја добијат потребната терапија. Со овие измени терапијата требаше да ја добијат сите болни од цистична фиброза, но тие се’уште се мачат и не може да го добијат лекот Трикафта. Станува збор за околу 130 лица во државава. Овие лица се заборавени од Владата предводена од СДС и ДУИ“, рече пратеникот Ристески.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата побара под итно да се обезбеди модуларна терапија за сите болни од цистична фиброза.

„Министерот за здравство, Фатмир Меџити да престане да ја замајува јавноста со паркинг на клинички, укинување на директори во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза и како приоритет да се заложи лицата со цистична фиброза да го добијат потребниот лек“, рече Ристески.

До пратениците од владејачката коалиција порача да покажат доблест и да ги поддржат измените на овие два закони со цел олеснување на животот на лицата со цистична фиброза.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Македонија

Чекална во Центар

Read more

Сончево време со температура до 35°C

Read more

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Read more

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Read more
 

Вести

  • filter

Чекална во Центар

Читај повеќе

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Читај повеќе

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Читај повеќе

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Читај повеќе

Сончево време со температура до 35°C

Читај повеќе

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Читај повеќе

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Читај повеќе

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Читај повеќе

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Читај повеќе