Македонија

ВМРО-ДПМНЕ се рекламирале двојно повеќе од СДСМ

21. октомври 2017 - 8:52 | Макфакс

Само една телевизија отстапила од законските правила за балансирано известување во последните девет дена од кампањата за локалните избори во Македонија, утврди Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на Македонија.

Агенцијата не посочува за која телевизија станува збор, но соопштува дека ТВ „Нова“ и ТВ „Сител“ се двата медиума на кои се емитувале најмногу политички реклами во овој период.

Според наодите на оваа Агенција, ВМРО-ДПМНЕ се рекламирале најмногу од сите политички партии, и тоа двојно повеќе од СДСМ и над десет пати повеќе од ДУИ. Така, ВМРО-ДПМНЕ се рекламирала 157 часа, СДСМ 65, а ДУИ само 13 часа.

Коментирај