Внимавајте на овие три најчести WhatsApp измами

Најчестите измами со кои се сретнуваат корисниците на WhatsApp се секојдневие, па внимавајте да не наседнете на нив и да не станете жртва.

Код со бројки од WhatsApp кој не сте го очекувале

Доколку добиете порака со шест цифри со WhatsApp код која не сте ја очекувале, веројатно некој сака да ве измами. Станува збор за код кој би ви бил потребен доколку сте направиле нова корисничка сметка или со постоечка се најавувате на друг уред. Доколку не сте испратиле барање за да добиете код, оваа измама доаѓа од некој кој сака да ви го украде вашиот профил.

Во вториот стадиум од измамата, доколку сте наседнале на првиот, ќе добиете порака во WhatsApp која ви ја праќа пријател кој бара шестоцифрен код. Доколку сте ја добиле оваа порака, тоа значи дека вашиот профил е веќе украден.

Доколку му го испратите шестоцифраниот код на измамникот, тој може да ги контактира сите ваши контакти во ваше име и од вашиот профил. Ќе може да пристапи и до сите групи во кои сте биле.

WhatsApp Gold

WhatsApp Gold e позната измама која корисниците ги повикува на преземање на „посебна” верзија на WhatsApp која ја користат славните и во себе има специјални опции. Оваа измама за прв пат се појави во 2016 година, а се врати на сцената во 2020.

Доколку добиете порака со линк за преземање на ваква верзија, избришете ја.

Ваучери од супермаркет

Изманиците, зависно до регионот, сакаат да праќаат пораки со лажни ваучери и линк преку кој наводно ќе добиете вреден ваучер во некоја продавница. Нешто како Facebook измамата со КАМ во поштенското сандаче, само во WhatsApp варијанта.

Финтата е што вакви работи не постојат - продавници не делат ваучери без причина, посебно не преку WhatsApp. Не кликајте на линкот и избришете ја пораката.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе