Во 2018 година во Европа од сипаници починаа 72 лица

Од сипаници во текот на 2018 година во Европа починаа 72 лица, што е двојно повеќе во споредба со претходната година, соопшти денеска Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.

Во соопштението се посочува дека лани во европските земји биле регистрирани вкупно 82.596 случаи на лица заболени од сипаници, што, според СЗО, се должи на „нискиот степен на вакцинација на некои маргинализирани групи“.

Според податоците од 47 европски држави, како што јави ДПА, најголем број смртни случаи од сипаници имало во Украина, вкупно 15, а по неа следува Србија со 14 починати од оваа заразна болест.

Украина е на „лидерската“ позиција и кога станува збор за бројот на заболени од сипаници со регистирани 53.218 случаи. По неа, следува Србија со 5.076 заболени, Изреал со 2.919, Франција со 2.913 и Италија со 2.517 болни од сипаници.

Сипаниците се заразна болест, што се шири со кашлање, кивање и близок или физички контакт со секрети од нос или грло на заболени лица. Според СЗО, најризични категории за заболување од сипаници се невакцинирани мали деца и бремени жени.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе