Во 2020 година исплатени 10,6 милиони евра државна помош за странски инвестиции

Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година исплати над 10,6 милиони евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Ова е 94,4 отстотна реализација на предвидената државна помош за изминатата година исплатена кон странските инвеститори во земјава.

Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, дополнително е одобрена и предвремена исплата на обврски кон две компании, Костал и Гентерм кои предвреме ги постигнале планираните инвестиции и планирани таргети за вработување.

-Вкупниот износ на предвреме исплатени обврски на државата кон овие две компании е 51,2 милиони денари, средства обезбедени со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници донесена од страна на Владата во декември 2020 година. Оваа новина е дел од целосно нов внатрешен систем на грижа за корисници. Целта е да се поттикнат и останатите инвеститори забрзано да ги реализираат своите инвестиции и планови за вработувања, а ТИРЗ и владата се подготвени да ги следат во таа динамика, велат од Дирекцијата.

ТИРЗ има реализација од 96 отсто од планираниот буџет за изминатата година. Во делот на капиталните инвестиции има 100 процентна реализација.

-За таа цел се исплатени 5,5 милиони евра. Најголем дел се инвестирани во сообраќајната инфраструктура и асфалтирање, гасоводната инсталација,  хидротехничката инфраструктура, водоснабдителен систем и со целокупната потребна пропратна инфраструктура – атмосферска и фекална канализација, улично осветлување,прецизираат од ТИРЗ.

За следната година, додаваат, се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони. Истовремено во соработка со Светската банка, ТИРЗ ќе креира и „Посебен стратешки инвестициски фонд“ преку кој државата и приватните инвеститори заедно ќе вложуваат во посебни проекти за развој во инфраструктура. Со овој фонд ќе се инвестира и во постојните индустриски зони во општините, каде поголем број компании се домашни.

Дирекцијата воведува и нов пристап во привлекувањето на инвестиции според кој и домашните компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии како и странските.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе