Во украинските региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Beta.
Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели.
Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почна утрово во 5:00 часот по Гринич.
Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Донечката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина.