Во 90-тите беше детска чантичка, а сега омилен моден додаток на инфлуенсерките
Иако мислевме дека ги оставивме во минатото, сме биле во голема заблуда, бидејќи овие чантички во последно време се враќаат на голема врата.
Една од главните карактеристики на овој модел на торбичка е што можете да ги носите со себе сите корисни ситници, а рацете да ви бидат слободни.
Можеби родените во 80-тите и 90-тите ги паметат како „моден детаљ“ од детството, овие чантички денес се неизбежен моден додаток на славните и инфлуенсерите.
Веќе не се носат само на школска екскурзија, туку во разни модели и големини ги надополнуваат сите модни комбинации, од спортски, кежуал до елегантни.