Во Америка за една недела 3,3 милиони лица добија отказ

Рекордни 3,3 милиони Американци добија отказ и се пријавија за надомест за невработеност во текот на минатата недела, што е најголема бројка досега во историјата на САД.

Досега рекордот беше во октомри 1982 година кога 695.000 луѓе добија отказ во една недела.

The New York Times пишува дека шокантниот број откази не ја отсликува вистинската ситуација на американската економија, бидејќи голем број американски работници не можат да аплицираат за надомест, а станува збор за тие кои работат со половина работно време, оние кои имаат многу ниски плати, самовработените и оние кои работат со договор на дело.

Аналитичарите оценуваат дека ова е само почеток и дека ќе следат бројки кои ќе бидат уште попоразителни.

Како што пренесуваат американските медиуми, речиси сите сојузни држави воведоа делумни или целосни ограничувања на работата, поради што државата губи многу пари.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека очекува да бидат укинати ограничувањата околу Велигден и повторно да започне придвижувањето на економијата со што здравствените експерти не се согласуваат.

Првпат по 50 години, администрацијата на Трамп ја намали бројката на невработеност под 4,0 проценти. До минатата недела, имаше помалку од шест милиони невработени во САД или 3,5 проценти, така што ова зголемување од 3,3 милиони е речиси 50 проценти.

Во Америка досега има околу 70.000 заразени со коронавирусот, а починаа повеќе од илјада лица.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе